Nova Dental Group - Клиники за дентална медицина, орална хирургија и имплантологија во Скопје, Македонија
  • Насловна
  • За Нас
    • Нашиот тим
    • Нашата Ординација
    • Стерилизација и дезинфекција
    • Ценовник
  • Услуги
    • Орална хирургија
    • Имплантологија
    • Радиологија
    • Протетика
    • Конзервативна стоматологија
    • Пародонтологија
    • Детска стоматологија
    • Превентивна стоматологија
  • Едукација
    • IMPLANTOLOGIA BASICA
    • Настани
  • Дентален туризам
  • Блог
  • Контакт
  • EN
Nova Dental Group - Клиники за дентална медицина, орална хирургија и имплантологија во Скопје, Македонија
  • Насловна
  • За Нас
    • Нашиот тим
    • Нашата Ординација
    • Стерилизација и дезинфекција
    • Ценовник
  • Услуги
    • Орална хирургија
    • Имплантологија
    • Радиологија
    • Протетика
    • Конзервативна стоматологија
    • Пародонтологија
    • Детска стоматологија
    • Превентивна стоматологија
  • Едукација
    • IMPLANTOLOGIA BASICA
    • Настани
  • Дентален туризам
  • Блог
  • Контакт
  • EN
Насловна
За Нас
Нашиот тим
Нашата Ординација
Стерилизација и дезинфекција
Ценовник
Услуги
Орална хирургија
Имплантологија
Радиологија
Протетика
Конзервативна стоматологија
Пародонтологија
Детска стоматологија
Превентивна стоматологија
Едукација
IMPLANTOLOGIA BASICA
Настани
Дентален туризам
Блог
Контакт
EN
Browsing Category
Uncategorized
Uncategorized

Интервју со Костадин Танчев, доајен на ликовната уметност и графика во Македонија

февруари 5, 2021 by novadental961 Нема коментари

Условите на пандемија комплетно го изменија здравствениот систем од сите аспекти. На површина излегоа голем број на предизвици и дилеми, особени при лекувањето на стоматолошките болести на пациентите од постарата популација, најподложни на последици од COVID 19.  Императивот на апсолутно безбедна работна средина, ефикасни и кратки сеанси во лекувањето не водат уште   од најраните денови на новонастаната ситуација. Акутните одонтогени инфекции, претставуваат комплексен проблем во целокупното нормално функционирање на пациентите.  Со таков навидум нерешлив проблем се соочува  и 81 годишниот пациент Константин Танчев, поранешен универзиттетски професор и еден од доајените на ликовната уметност и ликовна графика во Македонија.

Какво е чувството да се лекувате во нашата установа?

Знаете, денес е многу тешко човек  да се чувствува сигурен во некоја здравствена установа. Од една страна загрижени поради пандемиските услови, а од друга каков третман ќе добиеме. Но, морам да нагласам дека за мене, тоа не е случај тука. Напротив, ова е една од малкуте установи што ми влева доверба. Чувствувам голема сигурност и доверба кога сум тука. Среќен сум за мојот избор.

Имате 81 година. Припаѓате на групата на ризични пациенти. На што се должи вашата сигурност и доверба да се лекувате и да побарате помош токму тука во време на пандемија?

Проблемот што го имав во долната вилица со често отекување и болки беше долго време игнориран и одолговлекуван поради пандемијата, но дојде ден кога веќе не можеше да се чека. Во оваа клиника секогаш сум имал позитивни искуства. На прво место секако е стручноста на тимот,која како професор веднаш ја препознав, опремата, грижата за пациентите и меѓучовечките односи кои постојат. Тоа е некоја енергија што се чувствува и ве привлекува при првото влегување. Надополнета со сите протокли и тестирања кои знам дека се во корелација со сите светски стандарди, тоа е една совршена симбиоза на која претходно не сум бил навикнат. Одлично се справија со мојот проблем, а комплетно бев известен за целокупната состојба и бев во тек со тераписките постапки, што е реткост.

Како врвен универзитетски професор, кој ја препознава стручноста и едукацијата, каква порака ќе испратите до младите денес? Како да се насочиме кон вистинските вредности на животот?

Постои разлика во процесот на едукација денес и пред неколку децении. Она што денес ме загрижува е тоа што младите се повеќе учат фактографски, за некоја бројка во диплома или свидетелство. Чувствувам како да се губи есенцијалното знаење, логичкото поврзување на нештата и суштината на тоа да се биде интелектуално издигнат. Сите ние како општество треба да станеме самосвесни  за моќта на занењето, она вистинско исконско знаење, подложно на критика и дебата. Во име на тие вредности на клиниката ја подарив и мојата монографија. Тоа е една голема благодарност кон Др. Бизевски и неговиот тим. Монографијата како збирка и сведок на моето творештво од над 60 години, треба да е поттик да продолжат со делата кои ги започнале, и сите проекти кои допрва ќе следуваат. Луѓето треба се насочат кон творење, а не кон уништување, без разлика од кој сектор доаѓаат. Секој е посебен и одговорен на свој начин во својот универзум.
Нашата држава треба да се гордее со ваквите установи, кои посакувам да се уште помногубројни. Ќе бидам среќен ако и другите имаат таква можност и привилегија да добијат здравствени услуги, и да почувстуваат хуманост како во најголемите и најдобри светски клиники.

Share:
Reading time: 1 min
Uncategorized

Патував 36 часа од западниот брег на Канада, до Македонија за да се оперирам кај Др. Бизевски

јануари 15, 2021 by novadental961 Нема коментари

Целосното губење на забите во вилиците е еден од најголемите медицински проблеми за секој пациент, а голем предизвик за секој доктор по дентална медицина. Мобилните протетски решенија ( протези ) од функционален аспект во голем дел од случаите не ги задоволуваат очекувањата на пациентите и се само почеток на други медицински проблем, особено во долната вилица. Модерната имплантологија за решавање на ваквите состојби, нуди еден успешен и проверен концепт наречен all on four, концепт што успешно се спроведува во нашата клиника. Главната идеја е поставување на 4 импланти во долната вилица, и изработка на привремен мост веднаш по хируршката интервенција. Со тоа пациентот уште во истиот ден добива заби, и започнува периодот на физиолошка рехабилитација на сите орални ткива,а тоа е најпосакуваниот правец и исход од лекувањето на беззабоста.
Приказната на пациентката Катерина Митевска,професор по Англиски јазик и менаџер во канадски пошти, е една од многуте успешни приказни за кои вреди да се зборува.  Иако во краток временски период, под посебни услови и состојби, среќни сме што сме дел од нејзиниот успешен и среќен крај.

Кои беа претходните искуства, пресудни за изборот на лекување во нашата установа?

Претходно веќе имав една успешна интервенција во горната вилица. Ми беше вградена вештачка коска и беа поставени 6 импланти, врз кој беше изработен мост. Одтогаш поминаа 6 години. Интервенцијата помина успешно, безболно и без компликации. Тогаш, а и сега пресудна беше сигурноста која Др. Бизевски ја влеваше кај мене,како загрижен и исплашен пациент. Таа се темелеше на едноставно објаснување на процедурата и решенијата кои се нудеа, за кои знаев дека беа едни од врвните во денталната медицина.

Со какви проблеми се соочувавте пред интервенцијата?

Процедурата која се изведе во Јануари, годинава, за мене беше многу важна, а во исто време гледано од медицински и хируршки аспект многу сложена. Долго време проблеми имав  со гингивата,забите и мостовите од долната вилица. Дел од коската од десната страна беше видлива поради повлекување на гингивата. Тие простори тешко се одржуваа со конвенционалните методи на орална хигиена, па беа склони кон тешки инфекции кои се повторуваа неколку пати, пропратени со отоци, главоболки и гноење. Бев убедена дека тоа е проблем што мора итно и сериозно да се реши.

Кои беа решенијата за решавање на вашата состојба?

Посетив 3 дентални клиники во Канада, две од нив не понудија некое издржано естетско и функционално решение, а  третата не ми влеа доволна доверба заради долгиот период кој морав да го поминам без заби. Во тој период разговарав и со Др. Бизевски, кој по долги анализи и планирање ми го понуди концептот all on four за решавање на беззабоста во долната вилица. Тој концепт се базираше на екстракција на мостовите, забите и патолошките процеси и истовремено поставување на 4 импланти врз кои ќе се изработи привремен хибриден мост. И сето тоа за неколку работни денови. Ентузијазмот, позитивната енергија беше пресудна интервенцијата да ја извршам во Скопје, во Нова Дентал Груп.

Како протече интервенцијата, и како сето тоа го поднесе Вашиот организам?

Самата интервенција траеше 3-4часа, а се изведе во локална анестезија. За време на интервенцијата ми беа екстрахирани преостанатите 8 заби, кои беа во очајна состојба. Десната страна која беше најпроблематична беше исчистена од сите патолошки процеси и беше вградена вештачка коска. Истовремено беа поставени 4 импланти. Набргу, по интервенцијата беа земени отисоци за изработка на привремен хибриден мост, кој беше поставен наредниот ден.Морам да истакнам дека откако помина дејството на анестезијата, јас воопшто немав никакви нелагодности и болки. Отокот беше незначителен, и не беше нарушено моето секојдневно функционирање. Се помина едоставно и безболно, а Др. Бизевски и неговиот тим целосно ја оправдаа довербата

Какви се вашите крајни впечатоци?

Иако живеам многу далеку, каде што многу пациенти се ориентирани кон Јужно-Америчкиот пазар за дентална медицина, јас во секоја прилика и можност раскажувам за “мојата” клиника во Скопје, за тимот, модерната технологија која ја практикуваат, хуманоста и позитивната енергија.  Се надевам дека ќе успеам  да заинтересирам и охрабрам и други пациенти кои ги имаат истите проблеми, да дојдат и да се уверат во моите зборови, бидејќи освен светската медицинска услуга која се нуди во Нова Дентал Груп, градот Скопје и Македонија нудат одлични услови за туристичко разгледување.

Share:
Reading time: 1 min
Uncategorized

Имплантолошки и протетски процедури кај геријатриски пациенти

јануари 6, 2021 by novadental961 Нема коментари

Пред два дена во нашата установа беше изведен голем орално хируршки, конзервативно еднодонтски и протетски зафат на 75 годишна пациентка која поради хронично заболување на вилиците и потпорниот апарат на забите загуби голем дел од забите и коскеното ткиво. Тимот предводен од Др. Д. Бизевски, Др. З. Влашки и Др. Е.Бајрамов, и забен техничар Ѓ. Чачоровски, изведоа сложени зафати за целосна реконструкција на устата преку зачувување на останатите заби и надоместок на дргуите со примена на имплантолошко решение. Со тоа, на наше задоволство пациентката доби долготрајно, биокомпатибилно и естетско решение. Го употребивме целото наше внимание и знаење за да ја вратиме насмевката. Да се подобри квалитетот на живот кај постарите пациенти е една од најтешките, но и најблагородни мисии.
– “ Ја изразувам сета почит, доверба и благодарност кон тимот, кој ги изведе сите процедури и  хируршки зафати. Ми ја вратија довербата дека нашите лекари се најдобри и дека го прават сето она што е тренд во стоматологијата во сите европски и светски центри. Нас возрасните пациенти, често не оставаат и ни нудат решенија кои се тешки и макотрпни за носење и функционирање. Уверена сум дека го добив најдоброто решение и многу сум среќна поради тоа.  Ги охрабрувам  сите да го следат мојот пример. “ – Милица Занова
 

Share:
Reading time: 1 min
Uncategorized

10 години Нова Дентал Груп

декември 7, 2020 by novadental961 Нема коментари

Да постоиш значи да се родиш,да растеш,да се развиваш,да создаваш.
Создавањето е визија и поттик за напредок…

Нова Дентал Груп постои поради Вас,нашите пациенти.
Вашето здравје и вашата доверба отсекогаш ни биле на прво место.Таа одговорност ја превземавме од самите наши почетоци, сериозно, студиозно и посветено, цели десет години. За таа цел, во текот на годините формиравме тим  должен да одговори на висината на високо поставените цели.
За постигнување на врвни резултати во нашата работа кои се видливи и за кои неможе да се импровизира, обезбедивме најсовремена медицинска опрема опрема без која неможе да се замисли денешната современа дентална медицина.Одделите кои ги формиравме како посебни работни единици, опремени по најсовремени техничко технолошки светски стандарди,оставаат резултати од непроценлива вредност за здравјето за нашите пациенти.

Одделот за орална хирургија и имплантологија е императивот и столбот на постоењето на нашата установа.Тој се состои од најсовремена операциона сала конструирана по сите светски стандарди,со најсовремена опрема за хирургија на устата,вилиците и забите, хирушка амбуланта во која се извршуваат едноставни амбулантски хируршки интервенции,  како и хирушка предсала за припрема на хирурзите за изведување на орално хирушки интервенции.

Одделот за централна стерилизација е сонот кој го имавме од самиот почеток,а тоа е  нула инфекција за сите пациенти.Со формирањето на овој оддел и инвестицијата во опремата за работа во асептични услови не само во хирушкиот оддел,туку и во амбулантните стоматолошки интервенции, ги достигнавме и исполнивме највисоките критериуми на аспеса и антисепса.

Сигурноста и здравјето на нашите пациенти ни беше на прво место многу пред состојбата со корона пандемијата,при што и пред неа посветувавме најголемо внимание на хигиената и дезинфекцијата на нашите ординации,односно стерилизацијата на инструментите.

Нашата клиника е градена по највисоки светски стандарди, до таа мера што водата што протекува низ стоматолошките столици е дестилирана и безбедна,а воздухот стерилизиран со најсовремени гермицидни и вируцидни  UV ламби.
Постои протокол на темелна дезинфекција и стерлизација на работниот простор после секој пациент одделно. Секој пациент добива комплет со стерилни пакирани инструменти,што ја гарантираат неговата безбедност, и гарантираат успешна интервенција од секој аспект.

За да се постави  прецизна дијагноза на состојбата на пациентот во усната шуплина и да се примени идеална терапија,нашиот оддел за радиологија ги користи најсовремените технологии и апарати за радиодијагностика.
Овој облик на дигитална технологија на снимање овозможува креирање на панорамски и тридимензионални снимки на вилиците и потпорните структури,со систематски приказ на повеќеслојни слики и прецизна идентификација на анатомските структури во усната шуплина, врз чија основа стоматологот ги стекнува клучните дијагностички информации за комплетните анатомски структури на стоматогнатниот систем.
3Д технологијата е значајна во нашата клиника за планирање на имплантолошките и орално-хирушките зафати благодарение на огромната прецизност на сликите и програмите за хирургија  што ја олесна целокупната процедура за нас лекарите, но и за пациентите.
3Д приказите се користат и во областа на ендодонцијта и лекувањето на забите со сложена анатомска морфологија на коренските канали, што е од голем успех на понатамошната терапија и прогноза за зачувување на природните заби на пациентот.

Одделот за општа и реконструктивна стоматологија се грижи за зачувување на природните заби на пациентите.Последните неколку години неговиот равој достигна такво ниво што сериозно го намали бројот на протетските рехабилитации.Тоа го имплементираа младите колеги кои воведоа светски стандарди на лекување кои се препознаени и поздравени од нашите пациенти.
 

Одделот за протетика на вилици  и заби  е предводен од еден од најискусните протетичари во областа.Тој ја кординира и надгледува работата на протетската рехабилитација кај нашите пациенти со примена на конвенционални и современи софистицирани технологии од страна на нашите лекари.
 

Одделот за детска стоматологија е целосно посветен на најмладите пациенти кои бараат посебни методи на работење.
Со нив треба да се работи брзо и ефикасно поради стравот и анксиозноста од стоматолошки интервенции.Нашите доктори по дентална медицина умеат да го пренесат мирот и ведрината на секое дете,а со тоа се овозможува успешно лечење, и најважно од се, стекнување на доверба и навики во одржувањето на оралното здравје.

Во овој период од една деценија станавме регионален центар за едукација на нашите колеги,низ кои поминаа преку 500 едуцирани колеги од областа на хирургијата и имплантологијата.Школата Implantologia Basica е синоним за отпочнување на работа со импланти,која опфака ,теоретска ,практична работа на животински и демо модели,работа во операциона сала со пациенти под водство на Спец. Др Данчо Бизевски, како и двонеделен турнус за сите учесници низ кој целосно се опфаќаат сите клинички фази во имплантолошката терапија.
Идеите за професионален развој не застануваат тука.
Десетгодишното постоење не научи дека следењето желбите и потребите на пациентите и современите светски текови се единствениот начин на креирање на иднината. Денталната медицина со големи и брзи чекори, чекори напред, а наша должност како тим е да ги следиме тие текови. Денес, на десетгодишнината на нашето постоење ветуваме, новитети, ветуваме посветеност и пожртвуваност. Ветуваме светска стоматологија и орална хирургија. Затоа што здравјето на пациентите е пред се.    

Share:
Reading time: 1 min
Uncategorized

Брзи рутински тестови за Sars – Cov 2, за секој пациент и секоја стоматолошка интервенција

октомври 26, 2020 by novadental961 Нема коментари

Безбедна стоматологија, голема доверба, и здрави пациенти се постулатите по кои се води нашата здравствена установа уште од самите почетоци на своето постоење

Уште од почетокот на светската пандемија, нашата установа максимално ги мобилизира сите свои сили и знаења во борба со невидливиот непријател. Како една од најсериозно засегнатите медицински гранки, стоматологијата бараше строг пристап и промена на секојдневните протоколи на функционирање. Воведувањето на посебниот режим на закажување на пациенти, посебните хигиенски мерки, посебната опрема и менаџирањето на сите ресурси беа и сеуште се во тек со најголемите светски и европски трендови. Клучен момент во целата таа борба  е тестирањето на секој пациент за Sars – Cov 2.
 Конвенционалните PCR тестови веќе четири месеци успешно се спроведуваат во секојдневната пракса за пациентите, но и за медицинскиот персонал на Нова Дентал Хирургија.  Но, идејата за врвна медицинска услуга не запира тука. Имено со почеток од 26.10.2020, Нова Дентал Груп станува првата здравствена установа од ваков вид во земјата која во рутинска и секојдневна пракса ги воведува брзите БРЗИТЕ ТЕСТОВИ ЗА Sars-Cov 2. Со тоа сите пациенти кај кои е планирана стоматолошка или оралнохируршка процедура, се тестираат пред самата интервенција и резултатот го добиваат за само 15 минути. Ваквиот начин на тестирање дополнително ја зголемува безбедноста на пациентот и го затвара кругот на вкрстено ширење на инфекцијата. Штитејќи го вашето здравје, ја штитиме нашата и ваша сегашност и иднина, затоа што јавното здравје е одговорност на секоја единка во општеството.

Share:
Reading time: 1 min
Uncategorized

Втор Меѓународен Конгрес по орална хирургија и имплантологија

октомври 11, 2020 by novadental961 Нема коментари

Вториот Меѓународен Конгрес на Специјалисти по орална хирургија, годинава се одржа во посебни и несекојдневни услови. На конгресот со свои излагања  за првпат преку онлајн платформа се претставија голем број на еминентни професори и клиничари од земјава и странство.  Фокусирајќи се на огромниот број на проблеми и предизвици со кои се соочуваат модерната орална хиургија и имплантологија, како и работата во услови на пандемија, излагачите испратија јасна и недвосмислена порака: Континуираната надоградба, практично и теоретско усовршување, дискусијата и споделувањето на идеи, се начела кои не смее да се заборават. Со свои излагања од областа на оралната хирургија и имплантологија се претставија и Спец. Др. Данчо Бизевски, и Спец. Др. Николче Маркоски од Нова Дентал Хирургија –  Скопје.
Темите на интерес беа едни назначајните и најраспорстранети проблеми кои секојдневно се менаџираат во клиниката Нова Дентал Хирургија.  Патолошките промени во вилиците, од било која природа , а особено виличните цисти претставуваат се чини тема што ги засега сите стоматолошки дисциплини. Во предавањето на  Спец. Др. Бизевски, преку случаи од секојдневната пракса на Нова Дентал Хирургија, јасно беа дадени насоки за нивна диференцијална дијагностика, тераписките пристапи и дилеми при конзервативното, односно хируршко лекување.  Спец. Др. Маркоски даде осврт на тераписките пристапи при решавањето на комплексната беззаба горна вилица,  од имплантолошки аспект, како и за надоместувањето  на мекото и тврдо ткиво во истата зона на интерес,најголемиот проблем на оралната имплантологија.
Вториот Меѓународен Конгрес на Специјалистите по орална хирургија, уште еднаш го потврди стремежот на македонските стоматолози и специјалисти да го одржат текот со европските и светските трендови. И со оглед на условите, тоа го направија повеќе од успешно.
 

Share:
Reading time: 1 min
Uncategorized

Интервју на Др. Данчо Бизевски за Женски Магазин

јуни 8, 2020 by novadental961 Нема коментари

Во време на пандемијата поради опасноста од ширењето на вирусот Ковид-19, запре работата на стоматолозите. Работеа само за оние пациенти со итни интервенции, откако Министерството за здравство организираше дежурни пунктови. За опасноста и пренесувањето на вирусот преку усната шуплина и за состојбата на стоматолозите, за Женски магазин раскажа оралниот хирург, спец. др. Данчо Бизевски од специјализирана установа за хирургија на уста, вилица и заби  „Нова Дентал Хирургија” од Скопје.

„Како и сите други непријатели кои ни доаѓаат од усната шуплина,повеќе или помалку опасни, Ковид 19 е нов, недоволно проучен непријател за кој треба доволно добро да се погрижиме, со цел како и досега да не ги доразболиме нашите пациенти и секако медицинскиот тим кои работи на нив, а тие пак од друга страна, своите семејства“, вели Бизевски.

Зошто стручњаците велат дека најголемиот ризикот од вирусот е кај вас стоматолозите?

Стоматологијата или денталната медицина ги третира болестите на устата и забите, што подразбира примена на процедури, кај кои имаме многу близок контакт со болниот, помалку од половина метар. Според тоа концентрацијата на вирусот на кои сме изложени како здравствени работници, во директен контакт со него во усната шуплина, претставува големо вирусно оптоварување од кое понатака може да се развие потешка форма на болеста.

Во повеќе земји, меѓу кои и нашата, здравствените власти донесоа одлука за ставање во режим на мирување на сите стоматолошки ординации? Што се случи со пациентите во овој период?

Токму така, нашата работа беше прекината одреден временски период, но за сите итни стоматолошки интервенции, министерството за здравство имаше организирано дежурни пунктови на територијата на целата држава, со кои соработувавме и вршевме тријажа за оние пациенти за кои ќе проценевме дека им е неопходна итна стоматолошка интервенција.

Од што поконкретно во стоматолошката ординација можеме да се заразиме? Кои се тие интервенции што се најризични по вас и се разбира по пациентите?

Ризикот при извршувањето на стоматолошката професија посебно е условен од создавањето на ситните честички аеросоли во близина на работното поле, во орофацијалната регија на пациентот и терапевтот. Аеросолите се ситни дисперзирани честички во воздухот кои содржат микроорганизми и имаат потенцијал да го заразат човекот кои ќе ги вдиши. Исто така, самиот престој во просторијата ,односно ординацијата во која се создава аеросолот,а при тоа да не се заштитени устата,очите и носот претставува голем ризик од инфекција. Повеќето дентални процедури се поврзани со апарати и инструменти кои продуцираат аеросоли,односно при чистење на забен камен, брусење на забите за пломби и мостови и користење на вода-воздух пустерот. Аеросолот може да ги контаминира и сите површини во ординацијата на кои ќе падне, дури и во радиус од два метри, што подразбира и понатамошно ширење на заразата и по контактен пат, односно преку допирање на површините каде што паднал аеросолот. Да не дојде до забуна, морам да потенцирам дека мерките на контрола на вкрстени инфекции постојат и се применуваат во стоматолошките ординации и пред Ковид 19, но мерките  во ерата на пандемијата побаруваат чекор понапред процедури, со цел тотална, односно целосна заштита на пациентите и медицинскиот персонал.

Што предвидувате дека ќе се случи откако неколку илјади стоматолози ќе ги отворат своите ординации и ќе примат многу пациенти?

Вирусот нема волшебно и така набрзо да исчезне од популацијата со олабавувањето на мерките и укинувањето на вондредната состојба. Не знаеме што ќе биде преку лето,а што на есен, ќе има ли бранови. Од сите досегашни анализи и ставови на експерти од областа на епидемиологијата, појава на нови бранови веројатно ќе има на есен и зима, и тој податок не треба да се занемари. Тоа значи дека во координација со Министерството за здравство, Стоматолошката комора на Македонија, стручните здруженија на Македонското стоматолошко друштво, треба да изготват адекватни протокли на работа за стоматолошка дејност, со цел стоматолошките ординации да не станат нов извор на инфекција и зараза. Тоа подразбира организирање на едукативни настани за колегите и граѓаните за ризиците од стоматолошките интервенции, изработка на протокли за прием,тријажа и контрола на инфекција.

Какви промени да очекуваат граѓаните при понатамошно одење на стоматолог?

Повеќе од сигурно е дека нема да биде повеќе исто како што беше. И ние лекарите и пациентите ќе треба да се адаптираме на новите стандарди и протокли, со единствена цел – чување на личното,а со тоа и на јавното здравје.Тоа подразбира  мерки како што се прием на пациентот со претходна најава, што кај нас и до сега беше вообичаена пракса, со исклучок на итните случаи. Мерењето на телесната температура, епидемиолошкиот прашалник, хигенско заштитната подготовка на пациентот, патеките на движење низ ординацијата, големиот простор за пауза помегу пациентите се дел од новитетите за кои мора да се подготвиме. Што се однесува до другите процедури во нашата клиника, како што се облекување на калчуни, хирушки мантили, капи, патеки на движење на пациентите, дезинфекција на работни површини, посебен одел за централна стерилизација, посебни амбуланти за прием на стоматолошки и хируршки пациенти, посебна операциона сала за орална хирургија, се златен стандард во нашето работење.

Има ли процедури кои пациентите мора да ги поминат за да дојдат на преглед и интервенција во вашата клиника?

Мора во старт да напоменам дека во нашата секојдневна работа, а со цел непречено одвивање на процесите, формиравме два тима и тоа еден за ургентна стоматологија кои ќе ги згрижува сите пациенти кои имаат итна стоматолошка потреба, и вториот тим кои работи на елективни случаи кои ќе се закажуваат според потребите на пациентите и новите протокли на работа. Така на пример, пациентите што треба да се оперираат ќе имаат предност во закажувањето на интервенцијата, потоа пациентите на кои им се поставени медикаменти, а кои времето на дејствување е одминато, и треба да се променат, и на крај на пациентите на кои им е потребна протетска рехабилитација.

Заедничко за сите пациенти е дека закажувањето ќе биде исклучиво телефонски, каде ќе разговараат со дежурен лекар диспечер, кој има за задача да ја процени итноста и да го договори терминот за интервенција.

Кои се процедурите откако ќе се договори посакуваниот термин?

Кога пациентите ќе пристигнат, ќе им биде измерена телесната температура со безконтактен термометар, а потоа пред да влезат во ординацијата своите лични работи ќе ги остават во посебна вреќичка и ќе се упатат на темелно миење на рацете, при што следи пополнување на епидемиолошкиот прашалник и медицинската анамнеза. За сето тоа време, пациентот мора да носи заштитна маска и ракавици до седнувањето на стоматолошкото столче или до влезот на операционата сала. Медицинскиот тим и во амбулантни услови е припремен како и во хирушка сала, што подразбира носење на хируршки мантили за еднократна употреба, респираторни маски со посебен стандард за заштита, хируршка капа, заштитен визир, наочари и ракавици.

Што ќе им препорачате на пациентите за новонастанатата состојба и новитетите кои се неопходни во стоматолошката дејност?

Луѓето во овој период, па веројатно и понатаму, ќе мора да бидат внимателни и дисциплинирани, а како најважно, да ги почитуваат препораките на здравствените власти, кои имаат за цел зачувување на јавното здравје. СЗО препорачува дека, не е време за славење, туку за подготовки за евентуални други бранови, за кои мора да бидеме максимално подготвени и адаптирано да дејствуваме во секакви услови. Само така ќе покажеме дека сме спремни да се носиме со предизвиците. Простор за паника не постои, но напоменувам дека треба да промениме многу животни навики за да успееме да го победиме сето она што сака да го уништи човештвото.

Милица Џаровска

Share:
Reading time: 1 min
Uncategorized

Прва онлајн конференција по орална хирургија и имплантологија

април 25, 2020 by novadental961 Нема коментари

На 23 Април 2020 година, Спец. Др. Данчо Бизевски, се претстави со свое излагање и предавање на една од првите онлајн конференции од областа на оралната хирургија и имплантологија во нашата земја. Целокупниот настан организиран под покровителство на Vesica, наиде на широк интерес помеѓу клиничарите од сите области на стоматологијата. Во своето излагање со наслов
 “Хируршки аспекти при имедијатна постава на импланти во естетска зона” , Др. Бизевски се осврна на една од главните преокупации на модерната имплантологија, проблемите кои настануваат при решавањето на парцијалната беззабост во горната вилица, техниките на надоместување на загубен заб во зоната на насмевка, можните решенија и неуспеси при надградувањето на засгубеното ткиво. Иако сознанијата и литературните податоци за оваа проблематика се оскудни, излагањето постигна широка конструктивна дискусија на обострано задоволство, што е добар показател за движењето кон современите имплантолошки трендови.
Со свои излагања особено од областа на на регенеративната имплантологија и орална хирургија,  се претставија и  Проф. Др. Даниела Велевска – Стевковска, вонреден професор на Катедра по Орална Хирургија на Стоматолошки Факултет при Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје, и 
Др. Спец. Славица Ѓурческа – Горјанска, специјалист по орална хирургија.

Share:
Reading time: 1 min
Uncategorized

Светски ден на здравјето

април 7, 2020 by novadental961 Нема коментари

Почитувани,

Во денови кога човештвото стои исправено пред еден од најголемите предизвици во историјата, важноста на човековото здравје е поставена на највисокиот пиедестал. Борбата за здравје е исконска борба која го поттикнувала човекот да трага, да се бори со вечноста за да создаде подобра и здрава иднина. Битката со невидливите непријатели, е можеби најтешката форма на војување. Војна која  ги исполнува животите, деновите и ноќите на сите здравствени работници. Денес, повеќе од кога било во историјата исправени сме пред некои нови времиња. Времиња кои човековата раса ќе ја постават пред најголемиот тест на времето. Времиња од кои треба да излеземе посилни, поблагородни и похумани. Свесни за нашата големина, но и безначајност во универзумот, оваа борба за нашето здравје е борба за подобро и обединето утре.
И ниедна насмевка, ниеден сон и ниедно сеќавање не се комплетни без добро здравје.
Грижејќи се за нашето здравје, ја покажуваме љубовта кон планетата и постоењето.
Тие најдобро знаат како да ни се заблагодарат.
ЧЕСТИТ СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО!

Спец. Др. Данчо Бизевски

Share:
Reading time: 1 min
Uncategorized

Известување за режим на мирување

март 29, 2020 by novadental961 Нема коментари

Почитувани пациенти,

Согласно задолжението од Министерство за здравство на Република Северна Македонија, а со цел заштита на населението и спречување на ширење на вирусот COVID-19, Ве известуваме дека нашата Приватна Здравствена Установа, се става во режим на мирување, т.е нема да работи во периодот кој е определен од здравствените власти.

Жителите на град Скопје, вклучително и сите наши матични пациенти, доколку имаат потреба од ИТНА СТОМАТОЛОШКА ПОМОШ (силна и постојана забоболка, акутна одонтогена инфекција, крварење од устата што не запира и фрактури на забите и вилиците) може да се обратат на еден од пунктовите определени од Министерството за здравство на Република Северна Македонија, по претходна телефонска консултација со матичниот стоматолог. Пунктовите се:

1. Универзитетски Стоматолошки клинички центар “ Св. Пантелејмон” Скопје
2. Поликлиника Ѓорче Петров
3. Поликлиника Бит Пазар
4. Поликлиника Јане Сандански

Ги повикуваме сите пациенти на разбирање и трпение во однос на новонастаната ситуација. Истовремено, ги советуваме да се придржуваат кон препораките од надлежните институции за полесно да се премости кризата, која ги афектира сите пори на нормалното живеење и функционирање.
За дополнителни прашања стоиме на располагање на еден од долунаведените броеви:

Со почит,
Спец. Др. Данчо Бизевски

Контакт лица и носители на дејност:

1. Носител на дејност по општа стоматологија
Др. Соња Андонова – доктор по општа стоматологија
Тел: 078 332-387

doktorsonja@gmail.com

2. Носител на дејност  по орална хирургија
Спец.Др. Данчо Бизевски – орален хирург
Тел. 078 395-167
drbizevski@gmail.com

Share:
Reading time: 1 min
Page 4 of 7« First...«3456»...Last »
  • EN

Скорешни написи

  • Трет Меѓународен конгрес за орална и имплантна хирургија, Скопје 2024
  • Комплетен и најсовремен пристап во решавањето на тоталната беззабост
  • IV Меѓународен Симпозиум на Имплантолошкото Здружение на Албанците
  • 19ти Симпозиум на оралните хирурзи и имплантолози на Република Србија
  • 22 Конгрес на стоматолозите на Србија

Скорешни коментари

    © NOVA DENTAL GROUP 2026. Сите права задржани.