Интервју со Костадин Танчев, доајен на ликовната уметност и графика во Македонија

Условите на пандемија комплетно го изменија здравствениот систем од сите аспекти. На површина излегоа голем број на предизвици и дилеми, особени при лекувањето на стоматолошките болести на пациентите од постарата популација, најподложни на последици од COVID 19.  Императивот на апсолутно безбедна работна средина, ефикасни и кратки сеанси во лекувањето не водат уште   од најраните денови на новонастаната ситуација. Акутните одонтогени инфекции, претставуваат комплексен проблем во целокупното нормално функционирање на пациентите.  Со таков навидум нерешлив проблем се соочува  и 81 годишниот пациент Константин Танчев, поранешен универзиттетски професор и еден од доајените на ликовната уметност и ликовна графика во Македонија.

Какво е чувството да се лекувате во нашата установа?

Знаете, денес е многу тешко човек  да се чувствува сигурен во некоја здравствена установа. Од една страна загрижени поради пандемиските услови, а од друга каков третман ќе добиеме. Но, морам да нагласам дека за мене, тоа не е случај тука. Напротив, ова е една од малкуте установи што ми влева доверба. Чувствувам голема сигурност и доверба кога сум тука. Среќен сум за мојот избор.

Имате 81 година. Припаѓате на групата на ризични пациенти. На што се должи вашата сигурност и доверба да се лекувате и да побарате помош токму тука во време на пандемија?

Проблемот што го имав во долната вилица со често отекување и болки беше долго време игнориран и одолговлекуван поради пандемијата, но дојде ден кога веќе не можеше да се чека. Во оваа клиника секогаш сум имал позитивни искуства. На прво место секако е стручноста на тимот,која како професор веднаш ја препознав, опремата, грижата за пациентите и меѓучовечките односи кои постојат. Тоа е некоја енергија што се чувствува и ве привлекува при првото влегување. Надополнета со сите протокли и тестирања кои знам дека се во корелација со сите светски стандарди, тоа е една совршена симбиоза на која претходно не сум бил навикнат. Одлично се справија со мојот проблем, а комплетно бев известен за целокупната состојба и бев во тек со тераписките постапки, што е реткост.

Како врвен универзитетски професор, кој ја препознава стручноста и едукацијата, каква порака ќе испратите до младите денес? Како да се насочиме кон вистинските вредности на животот?

Постои разлика во процесот на едукација денес и пред неколку децении. Она што денес ме загрижува е тоа што младите се повеќе учат фактографски, за некоја бројка во диплома или свидетелство. Чувствувам како да се губи есенцијалното знаење, логичкото поврзување на нештата и суштината на тоа да се биде интелектуално издигнат. Сите ние како општество треба да станеме самосвесни  за моќта на занењето, она вистинско исконско знаење, подложно на критика и дебата. Во име на тие вредности на клиниката ја подарив и мојата монографија. Тоа е една голема благодарност кон Др. Бизевски и неговиот тим. Монографијата како збирка и сведок на моето творештво од над 60 години, треба да е поттик да продолжат со делата кои ги започнале, и сите проекти кои допрва ќе следуваат. Луѓето треба се насочат кон творење, а не кон уништување, без разлика од кој сектор доаѓаат. Секој е посебен и одговорен на свој начин во својот универзум.
Нашата држава треба да се гордее со ваквите установи, кои посакувам да се уште помногубројни. Ќе бидам среќен ако и другите имаат таква можност и привилегија да добијат здравствени услуги, и да почувстуваат хуманост како во најголемите и најдобри светски клиники.