Комплетен и најсовремен пристап во решавањето на тоталната беззабост

Пародонталната болест претставува хронична прогредирачка и долготрајна болест на потпорните ткива на забот (алвеоларната коска, гингивата и периодонциумот). Текот на ова заболување од инфективен карактер се разликува индивидуално и зависи од голем број на фактори. Крајниот стадиум е комплетно расклатување на забите и нивно губење.

Губењето на забите со себе повлекува промени во хоризонтаната и вертикалната димензија на лицевите структури, особено на долната естетска лицетва третина. Тоа е резултат на мектокивната и коскена загуба која драстично е итензивирана постекстракционо.  Овој факт претставува функционален екстетски, но и психолошки проблем за секој пациент, кој треба да се решава систематски и добро испланирано.

Решавањето на тоталната беззабост е еден од најголемите предизвици на модерната стоматологија. Тоталните протези не претставуваат најдобро функционално решение за пациентите на подолг временски период, па затоа со помош на  модерната имплантологија, денес може да се направи најдобар спој помеѓу функционалноста, естетиката и долготрајноста.


Планот за изработка на вакви комплицирани протетски решенија, започнува уште при првата посета на пациентот. Врз база на современи дијагностички средства се утврдува моменталната состојба на сите лицево вилилни структури од интерес и на забите. 3Д снимките од компјутеризирана томографија ги прикажуваат овие структури во сите димензии, и со помош на компјутерски софтвер се планира поставувањето на имплантите во најсоодветна коска и на најсоодветна позиција. Исто така до детал се одредуваат местата на коскена инсуфициенција, кои е потребно да се надоместат / аугментираат, во истата фаза.

Оперативниот зафат се одвива во асептични услови во модерна операциона сала по претходно верифицираниот индивидуален план на терапија, од искусен и докажан оралнохируршки тим.  Процедурата е комплетно безболна и во себе опфаќа неколку различни оралнохируршки интервенции: екстракција на заболените заби, отстранување на патолошките коскени и мекоткивни промени до здраво, поставување на импланти во горна или долна беззаба вилица, и коскено надоместување – агументација. Доколку при поставувањето на имплантите е постигната задоволителна примарна стабилност (примарно врзување за имплантот во коскеното ткиво) во истиот ден или по 48 часа се изработуваат привремени мостови над имплантите, па така пациентот добива комплетно протетско санирано забало во најкраток временски период.

Привремената конструкција е комплетно функционална и од естетски и од практичен аспект, и останува во устата се до комплетната остеоинтеграција на имплантите во виличните коски, процес што трае 6-8 месеци по поставувањето на имплантите. По тој период се изработува дефинитивна протетска конструкција, и рехабилитацијата на забалото како важен орган е комплетно завршена, следејќи ги сите биолошки,анатомски и функционални принципи.