Nova Dental Group - Клиники за дентална медицина, орална хирургија и имплантологија во Скопје, Македонија
  • Насловна
  • За Нас
    • Нашиот тим
    • Нашата Ординација
    • Стерилизација и дезинфекција
    • Ценовник
  • Услуги
    • Орална хирургија
    • Имплантологија
    • Радиологија
    • Протетика
    • Конзервативна стоматологија
    • Пародонтологија
    • Детска стоматологија
    • Превентивна стоматологија
  • Едукација
    • IMPLANTOLOGIA BASICA
    • Настани
  • Дентален туризам
  • Блог
  • Контакт
  • EN
Nova Dental Group - Клиники за дентална медицина, орална хирургија и имплантологија во Скопје, Македонија
  • Насловна
  • За Нас
    • Нашиот тим
    • Нашата Ординација
    • Стерилизација и дезинфекција
    • Ценовник
  • Услуги
    • Орална хирургија
    • Имплантологија
    • Радиологија
    • Протетика
    • Конзервативна стоматологија
    • Пародонтологија
    • Детска стоматологија
    • Превентивна стоматологија
  • Едукација
    • IMPLANTOLOGIA BASICA
    • Настани
  • Дентален туризам
  • Блог
  • Контакт
  • EN
Насловна
За Нас
Нашиот тим
Нашата Ординација
Стерилизација и дезинфекција
Ценовник
Услуги
Орална хирургија
Имплантологија
Радиологија
Протетика
Конзервативна стоматологија
Пародонтологија
Детска стоматологија
Превентивна стоматологија
Едукација
IMPLANTOLOGIA BASICA
Настани
Дентален туризам
Блог
Контакт
EN
Browsing Category
Uncategorized
Uncategorized

Известување за промена на режим и принцип на работа во вонредна состојба- 16.03.2020

март 29, 2020 by novadental961 Нема коментари

СООПШТЕНИЕ!!

Почитувани пациенти,

Согласно одлуката и препораките од Министерството за здравство и Фондот за здравство на Република Северна Македонија за зачувување на јавното здравје ве известуваме за новиот начин на работа на ПЗУ Нова Дентал Груп кој започнува од денес, 16.03.2020:

1. Пациентите кои веќе имаат закажан термин во оваа и следната недела ќе бидат соодветно контактирани од наша страна во врска со нивните термини и понатамошни инструкции.
2. ПЗУ Нова Дентал Груп ќе работи од понеделник до петок од 09 до 17 часот само за ИТНИ случаи (Болка која не се смирува на аналгетска терапија, оток) кои претходно ќе се јават на еден од телефонските броеви и на кои согласно препораките ќе им биде понуден термин.
3. Телефонските броеви за закажување се 02 20 60 999 и 02 20 60 666.
4. За да се почитува правилото за потребно растојание и контрола на инфекцијата ги замолуваме пациентите кои ќе доаѓаат да влезат во ординација/ чекална без придружба. Придружба од еден родител е возможна само за деца помали од 12 години и тоа со претходна стручна припрема.
5. Исто така замолуваме да се придржувате до инструкциите наведени во чекалната: при влегување во ординација задолжително миење на раце со вода и сапун и дезинфекција на рацете со средството за дезинфекција на пултот.
6. Пациентите кои ќе бидат откажани ќе бидат уредно контактирани од наша страна по добивањето понатамошни инструкции.

Одлуката е до добивање на понатамошни инструкции од страна на Министерство за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Ви благодариме на разбирањето. Јавното здравје е наша заедничка одговорност.

Со почит,
Тимот на Нова Дентал Груп

Share:
Reading time: 1 min
Uncategorized

8 ми Меѓународен конгрес на Хрватското друштво за дентална имплантологија – Сплит, Р.Хрватска

октомври 19, 2019 by novadental961 Нема коментари

Др. Данчо Бизевски заедно со неговиот тим во периодот од 10-12 Октомври 2019,активно учествуваа на 8ми Меѓународен конгрес за дентална имплантологија во Сплит, организиран од Друштовото за дентална имплантологија на Хрватска. Настанот беше збогатен со голем број на еминентни предавачи, кои се престравија со свои излагања во однос на проблемите и предизвиците со кои се соочува модерната имплантологија. Темата на излагањето на Др. Бизевски и неговиот тим (коавтори: Кирилов Б, Маркоски Н, Влашки З, Бајрамов Е), “Мандибуларна имплантација кај пациенти на бисфосфонатна терапија и со одонтом”, отвори сериозна дискусија за можноста и начините на лекување на пациентите кои имаат системски онколошки проблеми, но и локални бенигни тумори кои ја отежнуваат имплантолошката терапија. Со оглед дека тоа се предизвиците со кои ќе се занимава оралната хирургија и имплантологија  во иднина, излагањето наиде на голем интерес и одобрување од поширокиот аудиториум, од кое беа извлечени голем број на значајни заклучоци и насоки на клиничко делување.

Share:
Reading time: 1 min
Uncategorized

Implantologia Basica 5 и тимот на Д-р. Бизевски помеѓу студентите на Тетовскиот Универзитет

ноември 16, 2018 by novadental961 Нема коментари

Како дел од научната програма на 3-тиот Меѓународен Конгрес на медицински науки организиран од Тетовскиот Универзитет во хотел Метропол, Охрид, се одржа курсот за орална хирургија и имплантологија, Implantologia Basica 5.

Целта на курсот годинава, беше внесување и запознавање на студентите по дентална медицина со основните орално хируршки и принципите на современата орална имплантологија

Под водство на Д-р. Данчо Бизевски и Проф. Д-р. Јетмире Алимани Јакупи, посебно внимание беше посветено на сите предоперативни, оперативни и постоперативни сложени процедури. Студентите имаа можност да ги систематизираат и прошират своите знаења теориски, но и практично изведувајќи ги имплантолошките и протетските процедури на животински и фантомски вилици. Курсот којшто се одржа во една позитивна и пријателска атмосфера, покажа огромна заинтересираност и мотивација на идните доктори по дентална медицина во однос на имплантологијата, но што е најважно и почит кон една од најсериозните гранки во стоматологијата, оралната хирургија. Свое обраќање на курсот имааи ректорот на Тетовскиот Универзитет Проф.Д-р. Вулнет Амети, и деканот на Медицинскиот Факултет при Тетовскиот Универзитет, Проф.Д-р. Кастриот Хаџиреџа. Тие ја истакнаа важноста на курсот за идните доктори, нагласувајќи дека мисијата на Д-р. Бизевски и неговиот тим е пример што треба да се следи за да се обезбеди поквалитетно здравство за идните генерации. Успешноста на Implantologia Basica 5, отвори ново поле на соработка и идеи, кои на обострано задоволство и надеж ќе траат и во иднина.

Share:
Reading time: 1 min
Uncategorized

Д-р. Данчо Бизевски, дел од Lake Como Institute, под раководство на врвниот хирург и професор Tiziano Testori

октомври 31, 2018 by novadental961 Нема коментари

Спец. Д-р. Данчо Бизевски, со поддршлка од Везика и Biohorizons ја имаше честа да биде дел од Lake Como Institute во Комо, Италија. Институтот претставува една од најврвните едукативни установи во Европа од областа на оралната и максилофацијалната хирургија.  Под водство на еминентниот и светски познат  Prof. Tiziano Testori, во друштво на врвни хирурзи од целиот свет беа изведени најсложените операции на максиларниот синус. Тоа подразбира менаџирање на тешко болни пациенти и решавање на компликации при несоодветна имплантна терапија во постериорна максила. Новите методи, гледишта и искуства кои со себе ги понесе Д-р. Бизевски се основа за развој и унапредување на здравствениот ситем во нашата земја. Менаџирањето на проблемите со максиларниот синус, полека, но сигурно се доближува до сите светски и европски стандарди. Со тоа се отвара една нова ера и поглавје на оралната хирургија и имплантологијата во Р. Македонија.

Share:
Reading time: 1 min
Uncategorized

IV Ден – Следење хирургија во живо (Live Surgery)

септември 16, 2018 by novadental961 Нема коментари

Круна на курсот Implantologia Basica 4, претставува следењето хирургија во живо преку посебна видео конекција во реално време. Учесниците на курсот ќе добијат исклучителна можност да бидат сведоци на изведувањето на сите претходно споменати  процедури во хируршка сала. Операционата сала на Нова Дентал Хирургија и тимот на Нова Дентал Хирургија ги отвараат вратите на оваа установа во име на науката. Во тоа име ќе бидат практично изведени следните сложени орално хируршки процедури:

  • Имплантација во максила, со затворен синус лифт
  • Имплантација во мандибула
  • Имплантација во максила, со отворена метода на синус лифт
  • Имедијатна имплантација
  • Поставување на привремен абатмент
  • Отпечатување за изработка на дефинтивни протетски конструкции
Share:
Reading time: 1 min
Uncategorized

III Ден – Компјутерски водена хирургија; 3D и рендген дијагностика и планирање

септември 15, 2018 by novadental961 Нема коментари

ДЕН III – 22 Септември, 2018г,Сабота.

16:00 – 20:00

  • Тераписко планирање и форум
  • Основи на радиографската евалуација на пациентот, техники на снимање, работа со томограф
  • Радиографска реконструкција на максила и мандибула
  • Компјутерски водена хирургија
  • Планирање и поставување на импланти на база на вистинска 3D снимка со еден од најсовремените CBCT, Rotograph Prime 3D апарат
  • Сите учесници ќе добијат едукација во однос на 3D планирањето и дијагностиката, како и планирање врз основа на ортопантомограм. Ќе бидат запознаени со сите предности и недостатоци на овие методи
  • Прикази на случаи, компликации и решенија. Отворена дискусија
  • Говориме и дебатираме јавно. Имплантологијата не е мистерија ако се работи по јасни, точни принципи и протоколи
Share:
Reading time: 1 min
Uncategorized

II Ден – Импланто-протетика

септември 13, 2018 by novadental961 Нема коментари

ДЕН II – 21 Септември, 2018г, Петок

16:00 – 20:00

  • Планирање и изведба на протетската фаза од терапијата
  • Претставување на различните протетски решенија
  • Основни протетски принципи и техники на отпечатување над импланти
  • Практично изведување на техниките
Share:
Reading time: 1 min
Uncategorized

I Ден – Импланто-хирургија

септември 10, 2018 by novadental961 Нема коментари

ДЕН I – 20 Септември, Четврток

09:00 – 10:00
Свечено отворање и појадок
10:00 – 10:30
Вовед; Историја и развој на имплантологијата; Инженерски аспекти на имплантологијата; Митови и вистини во современата имплантологија; Како стигнавме до тука?
10:30 – 12:00
Основи на оралната хирургија и имплантологијата; Анатомија на глава и врат; Топографска анатомија на глава и врат;  Стерилизација; Услови на сепса и антисепса;
Дијагностика; Планирање на имплантолошката терапија со менаџирање на основните хируршки протокли. Имедијатна и медијатна имплантација; Техники на коскена аугментација; Компликации и менаџирање  на компликациите при имплантолошката терапија; Планирање на привремени и дефинитивни импланто-протетски конструкции
12:00-12:30
Кафе пауза
12:00 – 16:00
Практична работа
Вовед во практичната работа; Запознавање со основниот имплантолошки и орално хируршки инструментариум;  Симулација на пациент и оперативно работно поле. Работа со животински вилици; Инцизија, Подигање мукопериостално ламбо; Препарација на лежиштето на имплантот; Поставуање на 4 импланти од страна на секој учесник; Сутурирање; Дискусија во однос на компликациите и други потешкотии при практичната работа.

Share:
Reading time: 1 min
Uncategorized

8ми Конгрес на стоматолозите од Македонија и Implantologia Basica 4

септември 8, 2018 by novadental961 Нема коментари

На огромно и обострано задоволство, успешната приказна на Implantologia Basica продолжува и годинава на претстојниот 8ми Конгрес на Стоматолозите од Македонија кој ќе се оджи од 20ти до 23ти Септември 2018 година во хотел Инекс Горица – Охрид.
За таа цел Нова Дентал Хирургија во соработка со Vesica и Македонското Стоматолошко друштво обезбеди 10 ваучери за учество на специјализанти по Орална хирургија, Протетика и Пародонтологија при Стоматолошки факултет- Скопје. Ова претставува одлична можност за едукација и доусовршување во една од најсовремените и најпочитувани установи за хируршко лекување на болестите на уста,вилици и заби. Специјализантите ќе бидат воведени во најсовремените тераписки методи, дијагностички пристапи, решенија и компликации во имплантологијата и импланто-протетиката и ќе станат дел од успешната приказна на стотина колеги пред нив. Истовремено ова е поттик и мотивација за идните колеги, а на овој начин почитувајќи го минатото,ние  ја градиме сегашноста  и ја обезбедуваме светлата иднината.

Share:
Reading time: 1 min
Uncategorized

Нова Дентал Груп, дел од проектот “Мој Карпош – Моја Картичка”

јули 14, 2018 by novadental961 Нема коментари

На ден 13.07.2018 година, на тенискиот клуб во хотелот „Александар Палас“,пред околу стотина претставници од бизнис секторот кој делува на територијата на локалната самоуправа, како и пред медиумите, се одржа промотивен настан на кој беше претставен најновиот проект на Општината  кој треба да го анимира бизнисот и да им донесе бенефит на граѓаните на Карпош.
Станува збор за проектот Мој Карпош – Моја Картичка  во кој заеднички се вклучуваат во креативна и оригинална деловна интеракција (единствена од ваков вид во Карпош, Градот Скопје и Републиката) бизнис заедницата, граѓаните и локалната власт. По тој повод со особена чест, како дел од бизнис заедницата на Општина Карпош, говор одржа и Спец.Д-р. Данчо Бизевски. Со тоа Нова Дентал Груп се вклучува, и е силен поддржувач на проектите кои се од општо добро и го олеснуваат животот на граѓаните на град Скопје и Општина Карпош.               

Share:
Reading time: 1 min
Page 5 of 7« First...«4567»
  • EN

Скорешни написи

  • Трет Меѓународен конгрес за орална и имплантна хирургија, Скопје 2024
  • Комплетен и најсовремен пристап во решавањето на тоталната беззабост
  • IV Меѓународен Симпозиум на Имплантолошкото Здружение на Албанците
  • 19ти Симпозиум на оралните хирурзи и имплантолози на Република Србија
  • 22 Конгрес на стоматолозите на Србија

Скорешни коментари

    © NOVA DENTAL GROUP 2026. Сите права задржани.