IV Меѓународен Симпозиум на Имплантолошкото Здружение на Албанците

На 03 Декември 2023г, во Скопје се одржа IV Меѓународен  Симпозиум организиран од Имплантолошкото Здружение на Албанците, при Албанското стоматолошко друштво.
На симпозиумот активно учество и свои излагања имаа домашни и странски  предавачи од областа на оралната хирургија и имплантологија.

Предавањето и излагањето на Примарус Доц.д-р Данчо Бизевски на тема: “Имедијатна имплантација во естетската зона – предизвик или гаранција за долгорочен тераписки успех”, имаше за цел да прикаже ја прикаже имедијатната имплантација, како еден од најдобрите и најпосакувани начини за надоместување на заб во естетската зона.

Имплантолошката терапија во естетската зона на  предна максила претставува еден од најголемите предизвици на модерната имплантологија, а преку прикази на случаи од општата пракса и делови од докторската дисертација, претставив решенија, идеи, и проктокли што наидоа на голем интерес од стручниот аудиториум,
Симпозиумот и предавањето беа одличен повод да се роди идеја и планови за понатамошна научна и практична соработка.