Имплантолошки и протетски процедури кај геријатриски пациенти

Пред два дена во нашата установа беше изведен голем орално хируршки, конзервативно еднодонтски и протетски зафат на 75 годишна пациентка која поради хронично заболување на вилиците и потпорниот апарат на забите загуби голем дел од забите и коскеното ткиво. Тимот предводен од Др. Д. Бизевски, Др. З. Влашки и Др. Е.Бајрамов, и забен техничар Ѓ. Чачоровски, изведоа сложени зафати за целосна реконструкција на устата преку зачувување на останатите заби и надоместок на дргуите со примена на имплантолошко решение. Со тоа, на наше задоволство пациентката доби долготрајно, биокомпатибилно и естетско решение. Го употребивме целото наше внимание и знаење за да ја вратиме насмевката. Да се подобри квалитетот на живот кај постарите пациенти е една од најтешките, но и најблагородни мисии.
– “ Ја изразувам сета почит, доверба и благодарност кон тимот, кој ги изведе сите процедури и  хируршки зафати. Ми ја вратија довербата дека нашите лекари се најдобри и дека го прават сето она што е тренд во стоматологијата во сите европски и светски центри. Нас возрасните пациенти, често не оставаат и ни нудат решенија кои се тешки и макотрпни за носење и функционирање. Уверена сум дека го добив најдоброто решение и многу сум среќна поради тоа.  Ги охрабрувам  сите да го следат мојот пример. “ – Милица Занова