IMPLANTOLOGIA BASICA
Континуираната едукација, секојдневното усовршување и имплментирањето на нови идеи и техники во денталната медицина се од најголемо значење за успешен третман на сите состојби кои го зафаќаат стоматогнатниот систем. Во духот на овие постулати, но и во духот на пренесувањето на знаењето како врвен идеал, во 2016 година се создаде школата Implantologia Basica. Предводена од Спец. Др. Данчо Бизевски и неговиот тим, Implantologia Basica пред себе си постави една одговорна, тешка, но благородна мисија: Едукација на докторите по дентална медицина, специјалистите орални хирурзи, протетичари и пародонтолози, во однос на поставувањето на денталните импланти. Во текот на годините беа организирани 6 школи, со посебна и редовно надоградувана програма, низ која поминаа над 1000 студенти, дипломирани доктори по дентална мерицина, специјализанти и специјалисти од сите стоматолошки области. Комплексноста на оралната имплантологија е комплетно анализирана до најситни детали со посебен осврт на анатомијата, планирањето, оралнохируршките и протетски принципи, и школата претставува единствена можност кадешто кандидатите можат во целост да ги проследат и практицираат сите фази на имплантолошката терапија, на фантомски, животински модели и во живо.
ДЕН 1
Имплантохирургија
Теоретски дел
Историја и развој на имплантологијата; Инженерски аспекти на имплантологијата;
Митови и вистини во современата имплантологија; Како стигнавме до тука?Основи на оралната хирургија и имплантологијата;
Анатомија на глава и врат; Топографска анатомија на глава и врат; Стерилизација; Услови на сепса и антисепса;
Дијагностика; Планирање на имплантолошката терапија со менаџирање на основните хируршки протокли.
Имедијатна и медијатна имплантација;
Техники на коскена аугментација;
Компликации и менаџирање на компликациите при имплантолошката терапија;
Практична работа
Вовед во практичната работа; Запознавање со основниот имплантолошки и орално хируршки инструментариум;
Симулација на пациент и оперативно работно поле.
Работа со животински вилици и фантомски вилици; Инцизија, Подигање мукопериостално ламбо; Препарација на лежиштето на имплантот;
Поставуање на 4 импланти од страна на секој учесник; Сутурирање;
Дискусија во однос на компликациите и други потешкотии при практичната работа.
ДЕН 2
Имплантопротетика
Планирање и изведба на протетската фаза од терапијата;
Претставување на различните протетски решенија;
Основни протетски принципи и техники на отпечатување над импланти;
Практично изведување на техниките за отпечатување со отворена и затворена лажица;
ДЕН 3
Компјутерски водена хирургија. 3Д дијагностика и планирање
Тераписко планирање и форум;
Основи на радиографската евалуација на пациентот, техники на снимање, работа со томограф;
Радиографска реконструкција на максила и мандибула;
Компјутерски водена хирургија;
Планирање и поставување на импланти на база на вистинска 3D снимка со еден од најсовремените CBCT апарати, Rotograph Prime 3D;
Сите учесници ќе добијат едукација во однос на 3D планирањето и дијагностиката, како и планирање врз основа на ортопантомограм. Ќе бидат запознаени со сите предности и недостатоци на овие методи;
Прикази на случаи, компликации и решенија. Отворена дискусија;
Говориме и дебатираме јавно.Имплантологијата не е мистерија ако се работи по јасни, точни принципи и протоколи;
ДЕН 4
Следење хирургија во живо
Круна на курсот Implantologia Basica , претставува следењето хирургија во живо преку посебна видео конекција во реално време. Учесниците на курсот ќе добијат исклучителна можност да бидат сведоци на изведувањето на сите претходно споменати процедури во хируршка сала. Операционата сала на Нова Дентал Хирургија и тимот на Нова Дентал Хирургија ги отвараат вратите на оваа установа во име на науката. Во тоа име ќе бидат практично изведени следните сложени орално хируршки процедури, а потоа следува форум дискусија во однос на истите:
- Имплантација во максила со затворена метода синус лифт
- Имплантација во максила со отворена метода на синус лифт
- Имплантација во мандибула
- Имедијатна имплатнација
- Поставување гингивоформери
- Отпечатување за изработка на дефинитивни портетски конструкции (Техники на отворена и затворена лажица) на реален пациент