22 Конгрес на стоматолозите на Србија

Во склоп на 22 Конгрес на Стоматолозите на Србија, во Белград, со своја постер презентација се претставија др сци. Данчо Бизевски и др. Енес Бајрамов. Конгресот на стоматолозите на Србија преставува еминентен настана од ваков вид, кој ги обединува клиничарите и научната јавност од земјата и регионот, а неговата цел е да се презентираат најновите сознанија и методи во лечењето и третирањето на состојбите во усната празнина.А во духот на овие постулати, постер презентацијата со наслов “Cysta Nasoplatina – 3 годишно постоперативно следење” беше одличен приказ и спој на најсовремените дијагностички, конзервативни и хируршки протокли за третирање на цистичните промени во естетска зона од неодонтогено потекло.