19ти Симпозиум на оралните хирурзи и имплантолози на Република Србија

На 25 Ноември 2023г, во Белград се одржа 19ти Симпозиум на оралните хирурзи и имплантолози на Република Србија, еминентен настан од областа на оралната хирургија и имплантологија за целиот регион. На симпозиумот активно учество и свои излагања имаа голем број на ценети и признати стручњаци од областа, а беа презентирани најновите сознанија поврзани со дијагностиката, етиологијата, како и терапијата на хируршките состојби и болести што ги афектираат устата, вилиците и забите во целост.

Предавањето на Доц. Д-р Данчо Бизевски на тема: “ Фоликуларна циста поврзана со мезиоденс”, имаше за цел да прикаже несекојдневна патолошка промена во предната максила, што се одликува со ниска инциденца и специфичен тераписки пристап.
Како проблем што бара интердисциплинарно решавање, но и најсовремени дијагностички протокли, темата пробуди дискусија кај стручниот аудиториум,па беа извлечени голем број заклучоци и насоки за понатамошно делување.
Симпозиумот и предавањето беа одличен повод да се роди идеја за понатамошна соработка со друштвата за орална имплантологија и орална хирургија при Српското лекарско здружение.