На 23.09.2023 година во Охрид беше одржан Симпозиум со меѓународно учество во организација на Здружението на специјалисти по орална хирургија на Македoнија. На овој настан од исклучително значење за оралната и имплантна хирургија во државата, учество и свои излагања имаа еминентни предавачи и професори од земјата и странство. Беа разработени голем број на актуелни теми и проблематики од секојдневната пракса , но и резулати од најнови научни и клинички испитувања. Со свое излагање се претстави и д-р сци. Данчо Бизевски, кој преку својата тема ‘ Компјутерска евалуација на промените на вестибуларната коскена ламина, во фронтална максила при користење на различни материјали за коскена аугментација”. Tемата претставува сублимат на повеќегодишна клиничка и научноистражувачка работа, и е единствена од таков обем и од таков вид во државата. Преку истражување на најразлични параметри, беа следени промените на естетската зона на предната максила, во ситуации кога се зголемуваше нејзиниот коскен волумен со некоја од општоприфатените методи на коскена аугментација . Презентираните резултати, недвојбено укажуваа на предностите и недостатоците од користењето на поединечните методи за аугментација , и како такви беа одлична можност за модернизирање веќе постоечките хируршки протокли, според протоклите од најголемите и најзначајни европски и светски клинички центри. Стручната комисија и поширокиот стручен аудиториум, излагањето го оценија со највисоки оценки, а тоа е уште еден поттик за продолжување на мисијата за развој на оралната хирургија и имплантологија во државата.
Третманот на виличните цисти е исклучиво хируршки, со процедура наречена цистектомија. Целта на цистектомијата е целосно да се отстрани цистичната лезија од лежиштето во коската и причинителот, за нејзино настанување. Тоа е единствениот и најсигурен начин за да се спречи рецидив.
Коскениот дефект што останува по отстранувањето на цистата обично спонтано зараснува, но доколку е екстензивен се користат аугментативни техники на вградување на коскени субститутиенти (графтови).
Апикотомија е оралнo хируршка процедура со која се отстранува апикалниот дел од коренот на забот заедно со патолошката содржина на околното ткиво (циста или гранулом). Се изведува со засекување и подигање на непцата, отстранување на врвот на коренот заедно со воспалителниот процес и полнење на коренскиот канал со одреден биокомпатибилен материјал. Индицирана е кога ендодонтскиот третман на каналите на коренот е неуспешен, а цистата или грануломот се уште се присутни во коскеното ткиво. Се изведува под локална анестезија и овозможува зачувување на забот и спречување на негова екстракција.
Од клучно значење за успешноста на хируршкиот третман е навремена реакција од страна на општиот стоматолог и пациентот, односно да се избегнат импровизираните начини на конзервативно лекување. Патолошките структури од дентално потекло (цисти и грануломи) се одликуваат со висока патогеност ,потенцијал за раст и деструкција на коскнеото ткиво, па затоа неуспешноста и ограниченоста на енддонтската терапија треба да биде навремено согледана и воочена.
Апикотомијата претставува рутинска оралнохируршка процедура што се изведува во нашата клиника од страна на искусен хируршки тим. Испланирана со најсовремени методи на компјутерска дијагностика, изведена во безбедни и стерилни услови, процедурата се одликува со висок степен на успешност и предвиливост.
Оралната хирургија е гранка на денталната медицина која се занимава со хируршки зафати во усната шуплина кај пациенти на кои им е дијагностицирана одредена аномалија, дефект или болест, а хируршкиот третман е единственото решение. Сите зафати се изведуваат под локална анестезија и се целосно безболни. Благодарение на современата орална хирургија, дури и кај најкомплицираните случаи може да се овозможат идеални услови за поставување на импланти.
Во нашата клиника се потрудивме во целост да одговориме на тие предизвици, кои од ден во ден се поголеми и посериозни. Почнувајќи од деталниот терапевтски план па се до финалната реализација на зафатите, за пациентите обезбедивме предвидливост, сигурност,минимална инвазивност и безболност.
Независно дали се работи за едноставни или комплицирани екстракции на заби, коскени аугментации, или имплантолошки процедури секогаш приодот е ист. Секој оперативен зафат мора да има строга индикација и строго разработен план, а да биде изведен во строги услови на асепса и антисепса во нашата операциона сала опремена по највисоки светски стандарди.
Во склоп на Интернационалниот Конгрес за природни науки и технологија, одржан на 19 Мај, на Тетовскиот Универзитет, беше одржана работилница за Базична Имплантологија. На курсот зедоа учество најдобрите студенти на Медицинскиот Факултет, на програмата за Дентална Медицина. Курсот воден од д-р сци Данчо Бизевски имаше за цел да ги воведе студентите во денталната имплантологија, како една од областите на оралната хирургија која најбрзо се развива. Студентите теориски ги совладаа основните принципи на денталната имплантологија, предоперативното планирање на терапијата и протетската тераписка фаза. Дополнително истите процедури ги изведоа и практично на фантомски и животински вилици. За својата мисија и долгогодишна соработка со тетовскиот универзитет, на д-р сци Данчо Бизевски му беше врачено посебно признание од ректорската управа, а сите страни беа согласни дека курсот по базична имплантологија, е почеток на една уште поплодна и побогата соработка.
Балканскиот стоматолошки конгрес, на Балканското стоматолошко друштво преставува реномиран настан од највисок ранг, кој под заедничка капа ги опфаќа сите балкански стоматолошки здруженија, специјалности и субспецијалности. Истовремено е одличнен начин за разменување на идеи, ставови, принципи и постулати кои се од огромно значење за клиничлката пракса, но и за научно истражувачката работа во најширок поим. Во склоп на предавањата од областа на оралната хирургија и имплантологија свое излагање имаше и д-р сци. Данчо Бизевски. Неговото излагање беше насочено кон губењето на имплантите од неинфективна природа, при користење на компјутерски методи на имплантација. Оваа тематика и проблематика, е особено ретка, и претставува околу 1% од сите клинички случаи, кај кои се користат најмодерни методи на имплантација . Тоа дава насоки и потсетува дека модерните оралнохируршки техники мора да се комбинираат со класични методи, и само тоа е предуслов за загарантиран успех. Модерната технологија е голем бенефит, но треба да има строга контрола и строго индикационо подрачје. Ваквиот став го делеа сите присутни од стручниот аудиториум, модераторите и стручната комисија.
На 8 Мај 2023 година, д-р Данчо Бизевски успешно ја одбрани докторската дисертација од областа на оралната хирургија и имплантологија на тема: Клиничка и компјутерска евалуација на промените на вестибуларната коскена ламина по имедијатна и медијатна имплантација во естетска зона. Докторскиот труд, резултат на долгогодишни студии и анализи ги опфаќа најсовремените текови и предизвици со кои се соочува денталната имплантологија. Естетската зона на горната вилица е една од најспецифичните зони за имплантација , но и најзначајна за пациентите. Докторскиот труд даде одоговори на многу прашања, и клинички дилеми, кои претставуваат појдовна точка за понатамошни анализи и развој, особено во полето на имедијатната имплантација и компјутерски водената хирургија. Тоа наиде на срдечен прием од поширокиот аудиториум, но и од комисијата за одбрана на докторски трудови, која едногласно го изгласа и ја прогласи одбраната за успешна.
Континуираната едукација, споделувањето на искуства идеи и решенија за комплексните медицински состојби, е клуч на успехот во секој сегмент и дисциплина на медицината. Во име на овие безвременски постулати, тимот на Др. Бизевски активно учествуваше на 9 Меѓународен конгрес на Хрватското друштво за орална хирургија, и 15 Меѓународен конгрес на на Хрватското друштво за максилофацијална, пластична и реконструктивна хирургија на глава и врат, во Опатија, Хрватска.
Ова преставуваше одлична можност да се презентира научната и практична работатна клиниката Нова Дентал Хирургија, пред широкиот европски аудиториум од специјалисти по орална и максилофацијална хирургија. Излагањето на Спец. Др. Данчо Бизевски на тема “ Компјутерска анализа на промените на вестибуларната коскена ламина во предна максила при имедијатна имплантација со, и без користење на аугментативни техники” , предизвика голем интерес и дискусија, од која беа изнесени голем број практични и теориски заклучоци.
Со оглед на тоа дека имплантацијата во естетската зона на горната вилица е еден од најголемите предизвици на модерната дентална имплантологија, а сите комплицирани процедури поврзани со истата со успешност се изведуваат во специјалистичката установа Нова Дентал Хирургија, овој настан беше само уште една потврда дека, Нова Дентал Хирургија стои рамо до рамо со најуспешните европски центри за орална хирургија и имплантологија. Факт за кој клиниката и тимот добија посебно меѓународно признание и пофалби.
Цистите се патолошки шуплини кои се обложени со ткиво и исполнети со течност и како такви можат да се развијат во различни анатомски простори, вклучително и меките и тврди ткива на стоматогнатниот систем. Виличните цисти се јавуваат како реакција на организмот на постојана хронична инфекција која доаѓа преку врвот на коренот во вилицата од заразената забна пулпа (гангрена), како последица на кариес, или преку потпорните ткива на забот (пародонт). Цистите кои се јавуваат како последица од заболувања на забното ткиво се нарекуваат одонтогени цисти, и претставуваат најголем дел од цистите кои се јавуваат во секојдневната пракса. Постојат и неодонтогени цисти, кои потекнуваат од други ткива на оралната шуплина, застапени во помал процент, но со иста сериозност и вариетети.
Кои се симптомите кои може да укажуваат на постоење на циста?
Во повеќето случаи, одонтогените цисти почнуваат да растат без симптоми (асипмтоматски) додека не ја достигнат соодветната големина и да преминат во состојба на акутна инфекција. Како такви тие преставуваат ризик за општото здравје на пациентите, и за целиот стоматогнатен систем. Како што цистите растат постепено, тие ја ресорбираат околната коска и можат да ги ослабат вилиците, да ги оштетат соседните здрави заби, да навлезат во соседните анатомски структури (синус, нос) и да предизвикаат сериозни компликации и симптоми.
Како се дијагностицираат забните цисти?
Информациите што ги дава пациентот во врска со претходните отоци, болки и други симптоми се многу важни. Постојат многу клинички параметри и знаци кои може да укажат на постоење на циста во вилиците. Меѓу нив најчести се:
Цврсто испакнување на коската над забот, како резултат на раст на цистата
Фистула над врвот на коренот на забот од која се излева гнојна содржина
Променета боја на забот, и на слузницата над него
Болка и оток, особено во акутна фаза
Мобилност на забот, и болна осетливост при џвакање
Недостаток на заб во забниот низ, во период кога веќе треба да постои на своето место во истиот.
Клиничките испитувања не се доволни за дефинитивно да се дијагностицира вилична циста. Затоа се потребни дополнителни испитувања и иследувања. Се започнува со интраорална сегментална снимка или панорамска снимка, и најчесто оваа метода е доволна за да се потврди или отфрли постоењето на одреден патолошки процес во влиците. Во ситуации кога тој процес е екстензивен, зафаќа повеќе анатомски простори тогаш најверодостојна радиографска метода е компјутерската томографија на вилици. Оваа метода во 3 димензии ги покажува параметрите на истата и нејзиниот сооднос со соседните анатомски структури. Ова е особено важно при планирањето на терапијата. Дефинитивната дијагноза дека се работи за вилична циста е исклучиво патохистолошка, и се донесува по нејзиното целосно хируршко отстранување и патолошка анализа.
Зошто е важно да се постави точна дијагноза на виличните цисти?
Циста е патолошка лезија која, кога се формира, продолжува да расте целосно независно и да ја уништува околната коска и структури , без оглед на состојбата на забот од кој потекнува. Ова значи дека ако забот предизвикувач се извади или излечи,но цистата остане во вилицата, таа ќе продолжи да расте во својот тек, неконтролирано и агресивно. Затоа, неопходно е да се разликува цистата од другите промени на коренот на забот, кои за разлика од цистите може да се излечат со лекување на причината, односно заразената пулпа. Неправилната дијагноза и терапија, го забрзуваат деструктивниот раст на цистата.
Како се лекуваат виличните цисти?
Третманот на цисти е исклучиво хируршки. Неопходно е целосно да се отстрани цистичната лезија од коската и причинителот. Тоа е единствениот сигурен начин за да се спречи рецидив. Во истиот чин се третира и предизвикувачкиот заб, се скратува врвот на коренот и херметички се затвора коренскиот канал, процедура која се вика апикотомија. Ако цистичната лезија го зафатила поголемиот дел од коренот, или забот целосно, забот што предизвикува причина мора да се отстрани и цистата мора да се отстрани хируршки. Коскениот дефект што останува по отстранувањето на цистата обично спонтано зараснува, но доколку е екстензивен се користат аугментативни техники на вградување на коскени субститутиенти.
TeethXpress претставува биомеханички модерен протокол за третман на пациенти со целосна беззабост во горна или долна вилица. Имплантите BioHorizons со Laser-Lok технологија обезбедуваат супериорна примарна стабилност во вилиците, што овозможува нивно имедијатно (моментално) оптоварување со изработка на протетска конструкција. Ако сте кандидат за процедурата TeethXpress, цела нова група заби може да се постави на четири, пет или шест забни импланти, обично во еден ден, без речиси никакви тегоби и субјективни потешкотии.
• TeethXpress безбедно ја држи протезата на место додека се смеете, зборувате и јадете • Губењето на коските од класичните протези може да доведе до промени во цртите на лицето и предвремено стареење • TeethXpress, како и природните заби, ја стимулира вилицата и го спречува губењето на коскената маса • Денталните импланти BioHorizons кои се користат исклучиво за TeethXpress имаат стапка на успех од 99,2%
Користењето на најновите хируршки протокли во имплантологијата , за надоместување на тотална беззбост во двете вилици овозможи пациентите да добијат нов комфор и нов бенефит за речиси безизлезна ситуација. Компјутерски водената имплантна хирургија, како една од рутинските тераписки методи во Нашата клиника, е основата во успехот на оваа терапија. Деталната компјутерска анализа и планирање, овозможија поставување на импланти кај 57 годишен пациент со тотална беззабост во горна и долна вилица во најдобра протетска и хируршка позиција со висок процент на успешност. Др. Бизевски и неговиот тим, во оперативен зафат од 4 часа, успешно поставија 6 импланти во горна вилица и 4 импланти во долна вилица, со помош на хируршки водичи.
Поставените импланти со висока примарна стабилност беа оптеретени во наредните 24 часа, па така пациентот доби комплетно нова насмевка и решение за долгогодишен и сериозен здравствен проблем веќе следниот ден. Изработените протетски конструкции, максимално ги следат сите естетски, биомеханички и биолошки критериуми,а пациентот е без никакви оперативни и постоперативни тегоби, што е од клучна важност за успешна и ефикасна терапија.
Скорешни коментари