Nova Dental Group - Клиники за дентална медицина, орална хирургија и имплантологија во Скопје, Македонија
  • Насловна
  • За Нас
    • Нашиот тим
    • Нашата Ординација
    • Стерилизација и дезинфекција
    • Ценовник
  • Услуги
    • Орална хирургија
    • Имплантологија
    • Радиологија
    • Протетика
    • Конзервативна стоматологија
    • Пародонтологија
    • Детска стоматологија
    • Превентивна стоматологија
  • Едукација
    • IMPLANTOLOGIA BASICA
    • Настани
  • Дентален туризам
  • Блог
  • Контакт
  • EN
Nova Dental Group - Клиники за дентална медицина, орална хирургија и имплантологија во Скопје, Македонија
  • Насловна
  • За Нас
    • Нашиот тим
    • Нашата Ординација
    • Стерилизација и дезинфекција
    • Ценовник
  • Услуги
    • Орална хирургија
    • Имплантологија
    • Радиологија
    • Протетика
    • Конзервативна стоматологија
    • Пародонтологија
    • Детска стоматологија
    • Превентивна стоматологија
  • Едукација
    • IMPLANTOLOGIA BASICA
    • Настани
  • Дентален туризам
  • Блог
  • Контакт
  • EN
Насловна
За Нас
Нашиот тим
Нашата Ординација
Стерилизација и дезинфекција
Ценовник
Услуги
Орална хирургија
Имплантологија
Радиологија
Протетика
Конзервативна стоматологија
Пародонтологија
Детска стоматологија
Превентивна стоматологија
Едукација
IMPLANTOLOGIA BASICA
Настани
Дентален туризам
Блог
Контакт
EN
Browsing Category
Archive
Uncategorized

Базичен курс за дентална имплантологија

јули 5, 2023 by Nova Dental Нема коментари

Во склоп на Интернационалниот Конгрес за природни науки и технологија, одржан на 19 Мај, на Тетовскиот Универзитет, беше одржана работилница за Базична Имплантологија. На курсот зедоа учество најдобрите студенти на Медицинскиот Факултет, на програмата за Дентална Медицина. Курсот воден од д-р сци Данчо Бизевски имаше за цел да ги воведе студентите во денталната имплантологија, како една од областите на оралната хирургија која најбрзо се развива. Студентите теориски ги совладаа основните принципи на денталната имплантологија, предоперативното планирање на терапијата и протетската тераписка фаза. Дополнително истите процедури ги изведоа и практично на фантомски и животински вилици. За својата мисија и долгогодишна соработка со тетовскиот универзитет, на д-р сци Данчо Бизевски му беше врачено посебно
признание од ректорската управа,  а сите страни беа согласни дека курсот по базична имплантологија, е почеток на една уште поплодна и побогата соработка.

Share:
Reading time: 1 min
Uncategorized

BASS Балкански стоматолошки конгрес

by Nova Dental Нема коментари

Балканскиот стоматолошки конгрес, на Балканското стоматолошко друштво преставува реномиран настан од највисок ранг, кој под заедничка капа ги опфаќа сите балкански стоматолошки здруженија, специјалности  и субспецијалности.  Истовремено е одличнен начин за разменување на идеи, ставови, принципи и постулати кои се од огромно значење за клиничлката пракса, но и за научно истражувачката работа во најширок поим.
 Во склоп на предавањата од областа на оралната хирургија и имплантологија свое излагање имаше и
д-р сци.  Данчо Бизевски. Неговото излагање беше насочено кон губењето на имплантите од неинфективна природа, при користење на компјутерски методи на имплантација.
Оваа тематика и проблематика, е особено ретка, и претставува околу 1% од сите клинички случаи, кај кои се користат најмодерни методи на имплантација .  Тоа дава насоки и потсетува дека модерните оралнохируршки техники мора да се комбинираат со класични методи, и само тоа е предуслов за загарантиран успех. Модерната технологија е голем бенефит, но треба да има строга контрола и строго индикационо подрачје. Ваквиот став го делеа сите присутни од стручниот аудиториум, модераторите и стручната комисија.

Share:
Reading time: 1 min
Uncategorized

Одбрана на докторска дисертација од областа на оралната хирургија и имплантологија

by Nova Dental Нема коментари

На 8 Мај 2023 година, д-р Данчо Бизевски успешно ја одбрани докторската дисертација  од областа на оралната хирургија и имплантологија на тема: Клиничка и компјутерска евалуација на промените на вестибуларната коскена ламина по имедијатна и медијатна имплантација во естетска зона.
Докторскиот труд, резултат на долгогодишни студии и анализи ги опфаќа најсовремените текови и предизвици со кои се соочува денталната имплантологија.
Естетската зона на горната вилица е една од најспецифичните  зони за имплантација , но и најзначајна за пациентите.  Докторскиот труд даде одоговори на многу прашања, и клинички дилеми, кои претставуваат појдовна точка за понатамошни анализи и развој, особено во полето на имедијатната имплантација и компјутерски водената хирургија. Тоа наиде на срдечен  прием од поширокиот аудиториум, но и од комисијата за одбрана на докторски трудови, која едногласно го изгласа и ја прогласи одбраната за успешна.

Share:
Reading time: 1 min
  • EN

Скорешни написи

  • Трет Меѓународен конгрес за орална и имплантна хирургија, Скопје 2024
  • Комплетен и најсовремен пристап во решавањето на тоталната беззабост
  • IV Меѓународен Симпозиум на Имплантолошкото Здружение на Албанците
  • 19ти Симпозиум на оралните хирурзи и имплантолози на Република Србија
  • 22 Конгрес на стоматолозите на Србија

Скорешни коментари

    © NOVA DENTAL GROUP 2026. Сите права задржани.