
Director
Специјалист орален хирург и имплантолог
Роден е на 16.06.1977 година во Битола, Република Македонија. Средно медицинско образование завшува во 1997 година во Скопје. Дипломирал на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, Скопје и се стекнал со назив дипломиран доктор по стоматологија.
Во 2008 година запишува магистерски студии од областа на максилофацијалната хирургија, а во 2009 година започнува со специјалистички студии по орална хирургија на и истите ги завршува во 2012 година со што се стекнува со називот специјалист по орална хирургија.
Во периодот од 2005-2010 година работел на одделнието за орална и максилофацијална хирургија во воената болница во Скопје. Од 2011 година работи како стоматолог и воедно директор на приватната здравствена установа Нова Дентал Груп. Во 2013 година почнува со работа како орален хирург во приватната здравствена установа Нова Дентал Хирургија, а воедно и како директор на установата.
Во 2015 година запишува докторски студии од областа на орална хирургија и имплантологија на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”, Скопје, Катедра за орална хирургија. Има објавено повеќе трудови и публикации од разни области на стоматологијата на националните и меѓународни стоматолошки конгреси и симпозиуми, како и присуство на бројни стручни едукации во областа на оралната хирургија и имплантологијата.
Од 2015 година е акредитиран предавач на Имплантологија Базика. Член е на Стоматолошката комора на Македонија, на Македонското стоматолошко друштво како и на Управниот Одбор на Оралните хирурзи при МСД.
Специјалист орален хирург и имплантолог
Роден е на 12 декември 1984 година во Струга, Република Македонија. По завршувањето на средното медицинско училиште во Битола, каде се стекнува со називот стручен забен техничар, во 2003 година се запишува на Стоматолошкиот факултет во Скопје.
По завршувањето на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, Скопје во 2008 година, се стекнува со стручниот назив дипломиран доктор по стоматологија. Истата година се запишува на постдипломски студии од областа на максилофацијалната хирургија. Во периодот од 2009-2010 година работел во приватна здравствена установа во Струга.
Во 2010 година започнува специјалистички студии по орална хирургија на Стоматолошкиот факултет во Скопје и истите ги завршува во 2014 година со што се стекнува со називот специјалист по орална хирургија.
Од 2011 година работи како доктор по општа стоматологија во ПЗУ Нова Дентал Груп во Скопје, а од 2016 година работи како орален хирург во Нова Дентал Хирургија. Во меѓувреме посетува повеќе обуки и курсеви од повеќе области на стоматологијата, оралната хирургија и имплантологијата и редовно учествува на национални и меѓународни конгреси и симпозиуми од овие области. Член е на Стоматолошката комора на Република Македонија.
Доктор по општа стоматологија
Родена е на 18.05.1989 во Кочани, Република Македонија. Завршува средно медицинско училиште во Штип, каде се стекнува со називот стручен забен техничар. Се запишува на Стоматолошкиoт Факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, Скопје каде дипломира во 2013 година и се стекнува со називот доктор по општа стоматологија.
Од 2014 година почнува да работи како доктор стоматолог во ПЗУ Нова дентал груп.
Доктор по општа стоматологија
Роден е на 27.06.1992 година, во Солефтео, Шведска. Средно Гимназиско образование завршува во Битола.
Се запишува на Стоматолошкиoт Факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, Скопје во 2011 година и успешно дипломира во 2016 година и се стекнува со називот доктор по дентална медицина.
Во Nova Dental Group започнува да работи од 2017 година како доктор по општа стоматологија.
Доктор по општа стоматологија
Родена на 18.02.1995 година, во Скопје, Република Македонија. Завршува средно медицинско училиште Скoпје ‘’Д-р. Панче Караѓозов’’- Скoпје, каде се стекнува со назив стручен забен техничар.
Во 2013 година се запишува на Стоматолошкиот факултет-Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” каде дипломира во 2018 година и се стекнува со назив доктор по дентална медицина.
Од 2019 година почнува да работи како приправник-доктор по општа стоматологија во ПЗУ Нова дентал груп.
Open CV
Open CV
Open CV
Comments are closed.