Nova Dental Group - Клиники за дентална медицина, орална хирургија и имплантологија во Скопје, Македонија
  • Насловна
  • За Нас
    • Нашиот тим
    • Нашата Ординација
    • Стерилизација и дезинфекција
    • Ценовник
  • Услуги
    • Орална хирургија
    • Имплантологија
    • Радиологија
    • Протетика
    • Конзервативна стоматологија
    • Пародонтологија
    • Детска стоматологија
    • Превентивна стоматологија
  • Едукација
    • IMPLANTOLOGIA BASICA
    • Настани
  • Дентален туризам
  • Блог
  • Контакт
  • EN
Nova Dental Group - Клиники за дентална медицина, орална хирургија и имплантологија во Скопје, Македонија
  • Насловна
  • За Нас
    • Нашиот тим
    • Нашата Ординација
    • Стерилизација и дезинфекција
    • Ценовник
  • Услуги
    • Орална хирургија
    • Имплантологија
    • Радиологија
    • Протетика
    • Конзервативна стоматологија
    • Пародонтологија
    • Детска стоматологија
    • Превентивна стоматологија
  • Едукација
    • IMPLANTOLOGIA BASICA
    • Настани
  • Дентален туризам
  • Блог
  • Контакт
  • EN
Насловна
За Нас
Нашиот тим
Нашата Ординација
Стерилизација и дезинфекција
Ценовник
Услуги
Орална хирургија
Имплантологија
Радиологија
Протетика
Конзервативна стоматологија
Пародонтологија
Детска стоматологија
Превентивна стоматологија
Едукација
IMPLANTOLOGIA BASICA
Настани
Дентален туризам
Блог
Контакт
EN
Browsing Category
Archive
Uncategorized

IX Симпозиум со меѓународно учество на здружението на специјалисти по орална хирургија на Македонија

јуни 28, 2018 by novadental961 Нема коментари

На 9.06.2018 во просториите на Жан Митрев Клиник, се одржа IX Симпозиум со меѓународно учество на специјалисти по орална хирургија. На овој настан со свои излагања се претставија еминентни орални хирурзи од земјата и странство. Спец. Д-р. Данчо Бизевски се претстави со темата  “Синус лифт, една од најсигурните техники на регенеративна хирургија”, што претставува посебен осврт  на техника што е многу важна за беззаби пациенти кај кои дното на максиларниот синус е препрека за имплантација. Преку теориски осврт и прикази на случаи, присутните беа запознаени со оваа метода која редовно и рутински се извршува во Нова Дентал Хирургија. Тоа претставуваше значаен чекор и шанса да се дискутира за сите предности, недостаоци,дилеми и компликации со кои може да се сретне еден хирург при изведувањето на синус лифт техниката, што наиде на посебен интерес  и обострано задоволство.

Share:
Reading time: 1 min
Uncategorized

Academia Implantologia

мај 18, 2018 by novadental961 Нема коментари

Континуираната едукација, споделувањето на знаењата и искуствата со колегите се можеби најфундаменталниот сегмент од развојот на современата медицина. Тие се столб во развојот на здрави генерации, успешни и посветени доктори по дентална медицина. Поведен и инспириран од ваквата мисија,  Д-р. Данчо  Бизевски и неговиот тим, во соработка со Vesica и F-Dental, ја формираат  Academia Implantologia, во Приштина, Косово. Во време кога имплантологијата зема се поголем замав, Academia Implantologia, преставвува одличен начин да се ситематизираат сите хируршки и протетски принципи, да се подигне свеста, но и да се укаже на сериозноста и ризиците кои ги носат сите овие процедури. 
Концептот  на  Academia Impantologia е едноставен. Поделен во 6 модули кои ја следат целата постапка уште од самиот прием на пациентот, се до моментот кога ја добива протетската изработка во устата, процес кој бара голема посветеност, планирање и теоретска подготвеност. 

Првиот модул одржан од 30.03.2018 до 02.04.2018г во хотел Sirius , е посветен на основните орално-хируршки процедури, принципите на имплантација и предоперативно планирање. Се состои од теоретски и практичен дел. Во теоретскиот дел детално се опишуваат анатомските основи на горната и долната вилица, сите структури кои се значајни кога се планира една имплантација. Значајно внимание се посветува на индикациите, контраиндикациите и клиничкиот аспект на работата преку основните и најсовремените дијагностички процедури. Кандидатите ги изучуваат основните хируршки принципи и начинот на имплантација, што е и основа за практичниот дел од работата кој се одвива на животински и фантомски вилици. Модулот се заокружува со изучување на оперативните и постоперативните компликации кои настануваат при имплантната терапија, за на крај кандидатите да можат да следат  хирургија во живо.
Вториот модул е одржан на 12.05.2018 и 13.05.2018 година. Главна тема е импланто- протетската терапија. Се изучуваат сите можности на протетско санирање на забалото после успешната имплантна терапија, идникациите и контраиндикациите за фиксна или мобилна изработка, нивните варијации, паралелно, со посебен осврт кон фазите кои се одвиваат во заботехничка лабораторија и во стоматолошка ординација. Практично, кандидатите ги изучуваат техниките на отпечатување за фиксно протетичка изработка, после поставувањето на импланти на фантомски вилици, а беа во можност повторно да следат поставување на импланти во живо и отпечатување со техниката на отворена лажица. 
Со голем ентузијазам и енергија, следува  III модул на Academia Implantologia, хирургија на максиларниот синус.

Share:
Reading time: 1 min
Uncategorized

Прво семејно приватно здравствено осигурување во Нова Дентал Груп

декември 20, 2017 by novadental961 Нема коментари

Почитувани пациенти,

Ве известуваме дека од ноември  2017 година нашата клиника Нова Дентал Груп склучи договор за Прво       семејно   здравствено осигурување со Еуролинк осигурување А.Д. Скопје. Со овој договор им овозможуваме   целосно достапни   услуги на пациентите – корисници на приватното здравствено осигурување заедно со   нивното семејство да се   лекуваат во нашата клиника со цел да се подобри квалитетот, услугата и достапноста   на сите стоматолошки услуги.

Еуролинк Осигурување АД Скопје започна да го нуди својот нов и уникатен осигурителен продукт СЕМЕЈНО   ПРИВАТНО ЗДРАВСTВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ. Првпат во Македонија е достапен производ за приватно   здравствено осигурување за сите членови на едно семејство, со само една заедничка полиса, по достапна месечна премија.

Подетални информации за условите и услугите преку приватно семејно здравствено осигурување може да прочитате на http://bit.ly/2tFrKww  или да се јавите во нашата клиника на 02/20-60-999.

Share:
Reading time: 1 min
Uncategorized

Отворање на Нова Дентал Груп

декември 6, 2017 by novadental961 Нема коментари

Почитувани пациенти и соработници,

На 30.11.2017 година во Хотел Солун – Скопје се оддржа официјалното отворање на клиниката Нова Дентал Груп. Настанот се состоеше од  свечен прием, времеплов за нашата установа, обраќање на Спец.Др.Данчо Бизевски и доделување на Плакети и Благодарници за посебни заслуги и развој на Нова Дентал Груп. Присуството на огромниот број на луѓе и институции беше доказ за почитта што ја ужива Нова Дентал Груп. Меѓу присутните беа и Заменик министерот за здравство Др.Гоце Чакаровски, Заменикот министерот за информатика Александар Бајдевски, Претседателот на Здружението на ортодонти Проф.Др.Габриела Чучкова, претставници на Промедика, претставници на Мак Медика, специјалистички и општи стоматолошки ординации – соработници на Нова Дентал Груп, како и многу други.  

Спец.Др.Николче Маркоски -орален хирург            
Проф.Др.Драгољуб Арсовски – Генерален директор на ТТК Банка
 Проф.Др.Соња Еленчевска Апостолска-Претседател на МСД 
  Проф.Др.Марија Пеева Петревска-Претседател на ЗСОХ
роф.Др.Киро Ивановски-Декан на Стоматолошкиот факултет-Скопје 
Проф.Др.Владимир Поповски-Претседател на Стоматолошка комора на Р.М.
Анастасија Дудеска-Генерален дикретор на СОНИКС   
 Александра, Ева Марија и Теодор Бизевски
Share:
Reading time: 1 min
Uncategorized

Во новата клиника

ноември 3, 2017 by novadental961 Нема коментари

Почитувани пациенти и соработници на Нова Дентал Груп,

Ве известуваме дека новата клиника Нова Дентал Груп започна со работа на новата адреса ул.,,Варшавска” бр.4. Ова известување е со цел да дознаете што можете да добиете од нашата клиника, како и слики од просторот и ординациите. Чест и задоволство ни е да Ве упатиме во тоа што го работиме и создаваме и се тоа со цел да се оддржи и подобри здравјето на пациентите.

Во новата клиника

1.ВИСОК ПРОФЕСИОНАЛЕН И МЕДИЦИНСКИ СТАНДАРД

За да можеме да Ви гарантираме висок стандард на лекување, располагаме со најсовремени апарати и технологии од областа на стоматологијата.

2.СТАНДАРДИТЕ И ПРОТОКЛИТЕ НА ЛЕКУВАЊЕ ГАРАНТИРААТ ВИСОКО НИВО НА СИГУРНОСТ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА ПАЦИЕНТОТ.

3.ХИГИЕНА И СТЕРИЛИЗАЦИЈА

Ние сме безпрекорни во делот на стерилизацијата на инструментите. Поради тоа, располагаме со стерилизациона сала опремена со најсовремени апарати за стерилизација и методи на работење кои гарантираат безбедност и комфорт за секој пациент.

4.ПРВИЧЕН ПРЕГЛЕД И ИЗГОТВУВАЊЕ НА ИНДИВИДУАЛЕН ПЛАН ЗА ЛЕКУВАЊЕ

На секој пациент му се изготвува план за лекување преку кој се овозможува пациентот да е запознаен со предложеното решение од самиот почеток па се до крајот на неговото лекување.

5.ЛЕКУВАЊЕ СО ПОСЕБНИ ПОДОБНОСТИ

ИНДИВИДУАЛЕН ТЕРМИН

Врз основа на Вашето слободно време, Ви овозможуваме посебни термини за лекување. За таа услуга потребно е да го информирате нашиот администратор.

ПОТСЕТУВАЊЕ СО ПОРАКА

На Ваше барање, можеме да Ви ја овозможиме услугата за потсетување за Вашиот термин преку СМС или е-маил.

ГРИЖА ЗА АВТОМОБИЛОТ

Во текот на интервенцијата Ви обезбедуваме паркинг – место пред клиниката за да не се наруши Вашиот комфорт на лекување додека сте на стоматолошката столица.

Share:
Reading time: 1 min
Uncategorized

Симпозиум на доктори по дентална медицина на Бугарија

јули 4, 2017 by novadental961 Нема коментари

На 01.07.2017 година во конференциската сала на хотел Теодора Палас во Русе, Бугарија се оддржа Симпозиум на доктори по дентална медицина на Бугарија со наслов “Важни аспекти на оралната хирургија во секојдневната работа на општите стоматолози”, организиран и акредитиран од Стоматолошката комора на Бугарија. 

Курсот го отвори Доц.Стојан Иванов зборувајќи на тема “Претпротетска хируршка подготовка на протетското поле – претпоставка за успешно лекување”. Учество заземаа доктори од Русе и Силистра, Бугарија. Како специјален гостин присуствуваше и Спец.Др.Данчо Бизевски, каде што зборуваше на тема “Антибиотска терапија кај одонтогени инфекции” пришто преку неколку клинички случаи презентираше и свои лични искуства.

Изразуваме огромна благодарност до Стоматолошката комора на Бугарија, регион Русе за високиот степен на професионализам и добар пример како треба да се организираат вакви настани. Исто така, огромна благодарност и до Др.Росица Илева за поканата и за тоа што ни овозможи да бидеме дел од еден ваков извонреден настан. 

Со почит,

Тимот на Нова Дентал Груп. 

Share:
Reading time: 1 min
Uncategorized

Известување

мај 25, 2017 by novadental961 Нема коментари

Почитувани пациенти и соработници на Нова Дентал Груп,

Во нашето 7годишно постоење ја стекнавме вашата доверба да бидете наши пациенти и соработници во стручното усовршување преку организација на настани од едукативен карактер кои несебично ги споделивме со стручната јавност. Поминувајќи низ вашите здравствени проблеми, постојано вложувавме во технологии и методи со цел унапредување на вашето здравје. Денес имам чест да ве информирам дека подготовките за новата клиника, кои ги отпочнавме пред 1 година, се при крај. Во клиниката ќе добиете врвни здравствени услуги на ниво на светските стоматолошки клиники. За сите детали во однос на новата клиника, како и за придобивките од посебните оддели ќе бидете информирани во некоја од некои наредните објави.

Во прилог е доставена локацијата како и слики од тоа како ќе изгледа новата клиника Нова Дентал Груп. 

Со почит,

Спец.Др.Данчо Бизевски. 

https://www.google.mk/maps/place/Varsavska+4,+Skopje+1000/@42.0006681,21.3968362,17z/data=!3m1!4b1!4m5!3m4!1s0x1354146b994defbf:0xc3cea692436d42fa!8m2!3d42.000668!4d21.399024?hl=en

Share:
Reading time: 1 min
Uncategorized

Дентална Академија “Родопи”

март 20, 2017 by novadental961 Нема коментари

Годинава од 4-5 март по деветти пат се оддржа Денталната Академија Родопи 2017. На неа учествуваа доктори од Република Бугарија кадешто имаше 6 пленарни предавачи од различни области на стоматологијата. Академијата свечено ја отвори Претседателот Пламен Барзашки. Првото предавање го изведе Др. Венцислав Станков на тема “Принципи за перфектна розова и бела естетика”.  Потоа предавање оддржаа и Др.Лили  Гидјолева на тема “Лицева естетика”, Др.Нешка Манчорова – “Композитни оптурации”, Др.Станимир Банчев со предавање на тема”Фотодинамична терапија” како и Др.Пламен Барзашки со предавање на тема “Нов поглед  за авто – графтот во денталната практика”.  На покана на Академијата, предавање оддржа и Спец.Др.Данчо Бизевски на тема “Моите неуспеси во имплантологијата, предизвици и решенија”.  Предавањата отворија многу прашања и дискусии од присутниот аудиториум со цел грешките и неуспесите, односно компликациите да бидат пред време отстранети и превенирани.

Како дел од  Академијата,  традиционално се оддржа и ски купот  “Елгидиум” на стазата Стена – Студенец каде учество зазедоа сите доктори – учесници на Академијата.  

Share:
Reading time: 1 min
Uncategorized

Implantologia Basica #2

јануари 9, 2017 by novadental961 Нема коментари

Почитувани колеги, соработници и учесници на Implantologia Basica #2,

Изминаа две недели од завршувањето на школата за имплантологија во организација на Везика, а потпомогната од сите нас. И покрај секојдневните обврски во мојата клиника, импресиите ми се толку силни што сакав искрено да ги споделам со сите вас.

Бевте прекрасен тим за соработка на кои успеав да им пренесам се што знам и умеам, да ги пренесам моите добри и лоши искуства со цел да извлечеме поуки и вештини со кои би превенирале компликации, а ќе донесеме и техники и методи со преку кои ќе го подобруваме здравјето на луѓето.

Вие сте лекари кои поминавте низ четиридневен курикулум на теоретско – практични збиднувања каде покажавте голем интерес и мануелност во севкупната ваша работа. Исто така ме “бомбардиравте” со прашања од интерес на имплантологијата, а со посебен осврт на планирањето на терапијата што ми даде за право да констатирам дека имам вистински слушатели и соработници. Се случи и форумот “отворено”, настан преку кои сакав да ви прикажам различности, проблеми со кои се соочуваат нашите колеги и нивните решенија. На крајниот дел кој беше претставен преку четвртиот модул, прикажавме како се работи во живо вклучувајчи ги сите можни предизвици коишто можат да ви се случат.

Се надевам дека бевте задоволни од нашата работа како и од организацијата на еден ваков настан. Ако тоа е така, ние ја постигнавме целта. Од вас очекувам да работите и да ги фотографирате сите случаи и на наредниот ваков курс на Базика ве очекувам на форумот каде би можеле детално да ги разгледуваме и коментираме сите нејасности и дилеми во областа на имплантологијата и оралната хирургија. Ви стоиме на располагање со целиот наш капацитет доколку процените дека тоа е потребно.

За крај, сакам да ви се заблагодарам што одвоивте од вашето драгоцено време да бидете дел од овој настан, како и да ви ги честитам Новогодишните и Божиќните празници посакувајќи ви многу здравје и среќа во вашите домови и семејства.

Др.Данчо Бизевски, спец.орален хирург

Share:
Reading time: 1 min
Uncategorized

НДГ на IMPLANTOLOGIA BASICA #2

декември 15, 2016 by novadental961 Нема коментари

Нова Дентал Груп заедно со Спец.Д-р Данчо Бизевски повторно учествува на вториот по ред курс по имплантологија, организиран од Vesica, а поддржан од Biohorizons каде се нуди уникатна шанса докторите да се здобијат со потребните вештини за започнување и унапредување на оралната хирургија и имплантологијата. Ве покануваме да бидете дел од овој настан кој ќе биде во времетраење од 3 дена, а ќе се оддржи во Хотел Мериот.

Види повеќе за настанот тука

Share:
Reading time: 1 min
Page 4 of 5« First...«2345»
  • EN

Скорешни написи

  • Трет Меѓународен конгрес за орална и имплантна хирургија, Скопје 2024
  • Комплетен и најсовремен пристап во решавањето на тоталната беззабост
  • IV Меѓународен Симпозиум на Имплантолошкото Здружение на Албанците
  • 19ти Симпозиум на оралните хирурзи и имплантолози на Република Србија
  • 22 Конгрес на стоматолозите на Србија

Скорешни коментари

    © NOVA DENTAL GROUP 2026. Сите права задржани.