Симпозиум на доктори по дентална медицина на Бугарија

На 01.07.2017 година во конференциската сала на хотел Теодора Палас во Русе, Бугарија се оддржа Симпозиум на доктори по дентална медицина на Бугарија со наслов “Важни аспекти на оралната хирургија во секојдневната работа на општите стоматолози”, организиран и акредитиран од Стоматолошката комора на Бугарија. 

Курсот го отвори Доц.Стојан Иванов зборувајќи на тема “Претпротетска хируршка подготовка на протетското поле – претпоставка за успешно лекување”. Учество заземаа доктори од Русе и Силистра, Бугарија. Како специјален гостин присуствуваше и Спец.Др.Данчо Бизевски, каде што зборуваше на тема “Антибиотска терапија кај одонтогени инфекции” пришто преку неколку клинички случаи презентираше и свои лични искуства.

Изразуваме огромна благодарност до Стоматолошката комора на Бугарија, регион Русе за високиот степен на професионализам и добар пример како треба да се организираат вакви настани. Исто така, огромна благодарност и до Др.Росица Илева за поканата и за тоа што ни овозможи да бидеме дел од еден ваков извонреден настан. 

Со почит,

Тимот на Нова Дентал Груп.