На 03 Декември 2023г, во Скопје се одржа IV Меѓународен Симпозиум организиран од Имплантолошкото Здружение на Албанците, при Албанското стоматолошко друштво.
На симпозиумот активно учество и свои излагања имаа домашни и странски предавачи од областа на оралната хирургија и имплантологија.
Предавањето и излагањето на Примарус Доц.д-р Данчо Бизевски на тема: “Имедијатна имплантација во естетската зона – предизвик или гаранција за долгорочен тераписки успех”, имаше за цел да прикаже ја прикаже имедијатната имплантација, како еден од најдобрите и најпосакувани начини за надоместување на заб во естетската зона.
Имплантолошката терапија во естетската зона на предна максила претставува еден од најголемите предизвици на модерната имплантологија, а преку прикази на случаи од општата пракса и делови од докторската дисертација, претставив решенија, идеи, и проктокли што наидоа на голем интерес од стручниот аудиториум,
Симпозиумот и предавањето беа одличен повод да се роди идеја и планови за понатамошна научна и практична соработка.






Скорешни коментари