Епулис – мекоткивен бенинген тумор на усната празнина
ноември 9, 2023
Епулис претставува бениген тумор што се појавува во усната шуплина, специфично на меките ткива околу забите или на букалната лигавица. Тоа е бенигнa хиперплазија или израсток на усната мукоза, често поврзана со хронична иритација или траума, обично предизвикана од лошо прилагодени протетски надоместоци.
Клучни показатели за дијагноза вклучуваат присуство на маса или лезија во меките ткива на места каде што постои хронична иритација од протези, која го компромитира нормалното функционирање на пациентот. Иако најчесто макроскопскиот наод е доволен за работна дијагноза, за да се постави дефинитивна дијагноза потребни се и медицински иследувања за комплетната здравствена состојба на пациентот.
Хируршкиот пристап во лекувањето на овие бенигни тумори е радикален и детален, што значи дека под локална анестезија, комплетно безболно, туморот се отстранува во целост до здраво ткиво. Отстранетиот тумор по протокол се испраќа за патохистолошка верификација. Значајно е да се напомене дека паралелно со отстранувањето на туморот, мора да се изврши и адаптација на протетското помагало, затоа што стапката на рецидив на епулис во пракса е многу висока доколку иритацијата продлжи да перзистира.