Одонтом – бениген коскен тумор на усната празнина

Одонтомите претставуваат бенигни тумори на виличните коски од одонтогено потекло. Иако неинвазинви по раст и развој и асимптоматски, одонтомите може да претставуваат проблем во развојот на стоматогнатниот систем во целина. Етиолошки за настанување на одонтомите постојат голем број на генетски фактори и мутации при процесот на одонтогенеза (создавањето и развојот на забите во вилиците), и тоа е особено важно да се знае при планирањето на терапијата. Иако, генерално одонтомите се асимптоматски, често може да предизвикаат нејасна болка во вилиците, отекување, и пореметување во никнувањето на забите. Препознавањето на овие суптилни симптоми го диктира и терапискиот пристап. Клучен аспект во одлуката за отстранување на одонтомот од виличните коски е и неговата специфична радиолошка дијагноза, што се темели врз база на 3Д снимки од компјутерска томографија, кои во Нашата установа се рутинска и секојдневна пракса.
Отстранувањето на одонтомите е по хируршки пат во локална анестезија, со комплетно предвидливо и добро постоперативно закрепнување. Долгогодишното клиничко, но и научно искуство во решавањето на ваквите бенингни тумори гарантира сигурен успех.