Трет Меѓународен конгрес за орална и имплантна хирургија, Скопје 2024
октомври 14, 2024
Во склоп на 3 Меѓународен конгрес за орална и имплантна хирургија, организиран од Здружението на специјалисти по орална хирургија на Македонија, кој се одржа во Скопје, со свои презентации се претставија Прим. Доц. д-р Данчо Бизевски и д-р. Енес Бајрамов.
Прим. доц. др-р. Данчо Бизевски, како пленарен предавач одржа уникатно предавање од областа на раната дијагностика од орално хируршки аспект на малигните промени на главата и вратот. Ваквиот пристап, во секојдневната клиничка пракса е особено значаен поради неспецифичните симптоми кои се јавуваат во раните фази на овие заболувања, и во најголем број од случаите е клучен за понатамошниот тек и прогноза на заболувањето.

Меѓународниот конгрес по орална хирургија и имплантологија, беше и совршена едукативна можност за младите лекари, специјалисти и специјализанти од сите области на денталната медицина да се запознаат со најновите текови во денталната имплантологија. Имено, во склоп на штандот на реномираниот имплантолошки бренд ICX Germany, потпомогнато од Medenits Hrvatska и МИТ Универзитетот во Скопје, Прим. Доц д-р Данчо Бизевски одржа ексклузивна работилница и школа за имплантологија, кадешто од големиот број на учесници беа изведени и претставени најсовремените имплантолошки и протетски процедури. Освен тоа, учесниците, а и поширокиот аудиториум имаа ексклузивна можност да се запознаат и со најновите иновации од полето на денталната имплантологија поврзани со системите ICX, кои во следниот период за првпат ќе бидат достапни за широка употреба во нашата земја.