Френулектомија

Френулектомијата е едноставна хируршка процедура која вклучува отстранување на френулум, малиот слој ткива во устата кој може да предизвика различни ортодонтски, естетски и функционални проблеми. Во пракса постојат два видови на френулектомија: лингвална и лабијална френулектомија.
Лингвалната френулектомија се изведува на лингвалниот френулум, ткиво што го поврзува јазикот со подот на усната празнина. Постоењето на развиен лингвален френулум е предиспозиција за постоење на стостојба на анкилоглосија (сраснат јазик),што го отежнува говорот, оралната хигиена и доењето кај децата од најрана возраст.
Лабијалната френулектомија пак, се изведува на лабијалниот френулум, ткиво што ја поврзува долната и горна усна со коскената основа. Постоењето на развиен лабијален френулум е предиспозиција за создавање на простори помеѓу забите во естетска зона, познати како дијастеми, но и на голем број ортодонтски проблеми.
Раното дијагностицирање на ваквите состојби со лингвалниот и лабијален френулум е клучно и често бара интердисциплинарен пристап. Пациентите кај кои се изведуваат овие процедури често се деца од рана возраст, и затоа во Нашата клиника ги обезбедивме сите услови на безболност, стурчност и безбедност, па френулектомијата изведена во локална анестезија со најсовремени методи денес не претставува трауматично и болно искуство.