TeethXpress, најсовремен концепт за моментално решавање на тотална беззабост
март 14, 2022
TeethXpress претставува биомеханички модерен протокол за третман на пациенти со целосна беззабост во горна или долна вилица. Имплантите BioHorizons со Laser-Lok технологија обезбедуваат супериорна примарна стабилност во вилиците, што овозможува нивно имедијатно (моментално) оптоварување со изработка на протетска конструкција.
Ако сте кандидат за процедурата TeethXpress, цела нова група заби може да се постави на четири, пет или шест забни импланти, обично во еден ден, без речиси никакви тегоби и субјективни потешкотии.
• TeethXpress безбедно ја држи протезата на место додека се смеете, зборувате и јадете
• Губењето на коските од класичните протези може да доведе до промени во цртите на лицето и предвремено стареење
• TeethXpress, како и природните заби, ја стимулира вилицата и го спречува губењето на коскената маса
• Денталните импланти BioHorizons кои се користат исклучиво за TeethXpress имаат стапка на успех од 99,2%
Користењето на најновите хируршки протокли во имплантологијата , за надоместување на тотална беззбост во двете вилици овозможи пациентите да добијат нов комфор и нов бенефит за речиси безизлезна ситуација. Компјутерски водената имплантна хирургија, како една од рутинските тераписки методи во Нашата клиника, е основата во успехот на оваа терапија.
Деталната компјутерска анализа и планирање, овозможија поставување на импланти кај 57 годишен пациент со тотална беззабост во горна и долна вилица во најдобра протетска и хируршка позиција со висок процент на успешност. Др. Бизевски и неговиот тим, во оперативен зафат од 4 часа, успешно поставија 6 импланти во горна вилица и 4 импланти во долна вилица, со помош на хируршки водичи.
Поставените импланти со висока примарна стабилност беа оптеретени во наредните 24 часа, па така пациентот доби комплетно нова насмевка и решение за долгогодишен и сериозен здравствен проблем веќе следниот ден.
Изработените протетски конструкции, максимално ги следат сите естетски, биомеханички и биолошки критериуми,а пациентот е без никакви оперативни и постоперативни тегоби, што е од клучна важност за успешна и ефикасна терапија.