Успешна имплантација во естетска зона со помош на компјутерски водена хирургија

Компјутерски водената имплантна хирургија претставува најсовремен, најнов метод и концепт на науката за поставување на импланти. Деталното компјутерско планирање на оперативниот зафат, изработката на хируршки водич и посебниот безболен и атрауматски начин на работа, во светот стануваат рутинска,најпосакувана и најбезбедна метода за надоместување на загубените заби.
Во духот на постојаниот развој и усовршувањето, за првпат во нашата клиника ,а и во земјата беше изведен и успешно реализиран овој концепт на имплантација.
Спец. Др. Данчо Бизевски, заедно со неговиот тим,Спец. Др. Николче Маркоски, Спец. Др. Златко Влашки и Др. Енес Бајрамов успешно извршија имплантација кај млада пациентка со вроден недостаток на заб во горната вилица во естетска зона, преку прецизно изработен 3Д модел и хируршки водич.

Значењето на оваа метода, нејзините предности и нејзиното имплементирање во секојдневна пракса се огромни. Речиси и да не постои хируршка траума, имплантот е сместен во идеална хируршка и протетска позиција во коската, постоперативната болка и компликациите се сведени на минимум.
Концептот на компјутерски водена хирургија може да се искористи речиси при сите ситуации на тотална и парцијална беззабост, и претставува совршен начин и можност за интердисциплинарна соработка помеѓу стоматолошките специјалности, се со една цел, пациентот да добие заб истиот ден или 24 часа по поставувањето на имплантот. Придобивка која долги години беше само идеја, и стремеж, а денес е реалност и секојдневна пракса во нашата клиника.