11 ГОДИНИ НОВА ДЕНТАЛ ГРУП
декември 7, 2021
Почитувани пациенти, драги колеги,
Пред точнo 11 години на овој ден со голем ентузијазам и енергија насочена кон збогатување на македонското здравство со квалитетни услуги од областа на денталната медицина, создадовме современа установа за дентална медицина, и прв ургентен приватен стоматолошки центар.
Нова Дентал Груп уште од самиот почеток макотрпно, со голема истрајност и љубов ги поставуваше темелите на современата стоматологија и орална хирургија, применувајќи ги сите светски признати процедури и протокли на лекување. Од таа идеја се родија голем број совршени насмевки и среќни пациенти.
Направивме над 10.000 орално-хируршки интервенции, поставивме преку 5000 дентални импланти, а изработивме и над 20.000 протетски помагала. Со голема одговорност и посветеност за секој случај, уште од самиот почеток, нашиот стручен тим покажа висока професионалност, етика и емпатија, достојни да се стекне довербата на секој пациент.
Оваа јубилејна година ја обележува еден наш голем сон – Компјутерски Водена имплантна хирургија. За првпат во хируршкиот блок на Нова Дентал Груп, оваа година направени се комплицирани операции кај тотална беззабост во двете вилици со помош на специјален софтвер и компјутерска томографија. Постигнавме минимална инвазивност и максимална ефикасност во решавањето на најтешкиот орално хируршки и протетски проблем кај пациентите. Од една навидум безизлезна ситуација без заби во устата, комплетно го реконструиравме забалото со компјутерски водено поставување на импланти врз кои во истиот акт во рок од 180 минути се изработија заби. Овој начин на работа, својствен само за најголемите и најпрестижни оралнохируршки центри во светот, од оваа година е реалност и во нашата земја.
Тоа само не мотивира да чекориме понатаму, да вовеведуваме нови револуционерни технологии, процедури и третмани, кои ќе покажат и докажат дека еден е нашиот исконски сон и идеал, а тоа е врвната грижа за здравјето на пациентите, вчера, денес, утре и засекогаш.
