Во новата клиника
ноември 3, 2017
Почитувани пациенти и соработници на Нова Дентал Груп,
Ве известуваме дека новата клиника Нова Дентал Груп започна со работа на новата адреса ул.,,Варшавска” бр.4. Ова известување е со цел да дознаете што можете да добиете од нашата клиника, како и слики од просторот и ординациите. Чест и задоволство ни е да Ве упатиме во тоа што го работиме и создаваме и се тоа со цел да се оддржи и подобри здравјето на пациентите.
Во новата клиника
1.ВИСОК ПРОФЕСИОНАЛЕН И МЕДИЦИНСКИ СТАНДАРД
За да можеме да Ви гарантираме висок стандард на лекување, располагаме со најсовремени апарати и технологии од областа на стоматологијата.



2.СТАНДАРДИТЕ И ПРОТОКЛИТЕ НА ЛЕКУВАЊЕ ГАРАНТИРААТ ВИСОКО НИВО НА СИГУРНОСТ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА ПАЦИЕНТОТ.

3.ХИГИЕНА И СТЕРИЛИЗАЦИЈА
Ние сме безпрекорни во делот на стерилизацијата на инструментите. Поради тоа, располагаме со стерилизациона сала опремена со најсовремени апарати за стерилизација и методи на работење кои гарантираат безбедност и комфорт за секој пациент.



4.ПРВИЧЕН ПРЕГЛЕД И ИЗГОТВУВАЊЕ НА ИНДИВИДУАЛЕН ПЛАН ЗА ЛЕКУВАЊЕ
На секој пациент му се изготвува план за лекување преку кој се овозможува пациентот да е запознаен со предложеното решение од самиот почеток па се до крајот на неговото лекување.
5.ЛЕКУВАЊЕ СО ПОСЕБНИ ПОДОБНОСТИ
![]() |
ИНДИВИДУАЛЕН ТЕРМИН Врз основа на Вашето слободно време, Ви овозможуваме посебни термини за лекување. За таа услуга потребно е да го информирате нашиот администратор. |
![]() |
ПОТСЕТУВАЊЕ СО ПОРАКА На Ваше барање, можеме да Ви ја овозможиме услугата за потсетување за Вашиот термин преку СМС или е-маил. |
![]() |
ГРИЖА ЗА АВТОМОБИЛОТ Во текот на интервенцијата Ви обезбедуваме паркинг – место пред клиниката за да не се наруши Вашиот комфорт на лекување додека сте на стоматолошката столица. |