Известување
мај 25, 2017
Почитувани пациенти и соработници на Нова Дентал Груп,
Во нашето 7годишно постоење ја стекнавме вашата доверба да бидете наши пациенти и соработници во стручното усовршување преку организација на настани од едукативен карактер кои несебично ги споделивме со стручната јавност. Поминувајќи низ вашите здравствени проблеми, постојано вложувавме во технологии и методи со цел унапредување на вашето здравје. Денес имам чест да ве информирам дека подготовките за новата клиника, кои ги отпочнавме пред 1 година, се при крај. Во клиниката ќе добиете врвни здравствени услуги на ниво на светските стоматолошки клиники. За сите детали во однос на новата клиника, како и за придобивките од посебните оддели ќе бидете информирани во некоја од некои наредните објави.
Во прилог е доставена локацијата како и слики од тоа како ќе изгледа новата клиника Нова Дентал Груп.
Со почит,
Спец.Др.Данчо Бизевски.



