Превентивна стоматологија

Постигнувањето на здрава и чиста уста е неопходно пред сите стоматолошки и хируршки зафати на усната шуплина, со цел да се намали ризикот од инфекција. Професионалното чистење е првиот чекор во третманот на гингивитис, а покасно и на инфекција на пародонталниот апарат на забите – периодонтитис.

Во посебни состојби како бременост, кај пациенти со дијабетес, кај пациенти на имуносупресивна терапија, при отежната хигиена (на пр. при компресија поради недостаток на простор, моторни или психолошки причини), кај пациенти на ортодонтска терапија треба да се изведува почесто.

Нашите строги принципи и протокли на профилакса и превентива, се целосно втемелени и се во основата на секое друго лекување на забите и потпорниот апарат на забите, и секогаш се прв тераписки чекор во комплексниот пристап на проблемот. Праксата покажа дека превентивата и профилаксата на оралните и дентални заболувања претставува сложен проблем, но и поле во кое треба многу да се вложува од двете страни, и задолжително треба да ги вклучи следните постапки:

  • инструкции, мотивација и корекција на пациентите во однос на оралната хигиена
  • отстранување на тврди и меки наслаги од забите (со ултразвучни и рачни инструменти, пескарење)
  • полирање и флуорирање и контрола на плакот во домашни услови

Обично овие постапки се изведуваат без анестезија, но кај чувствителните заби, секако е можно да се анестезираат чувствителните области.

Контактирајте не!