Имплантологија

Вовед

Со помош на дигитален КТ скенер кој овозможува 3Д проверка на состојбата на коскеното ткиво и откривање на евентуален недостаток на коска неопходна за поставување на имплантот. Ваквиот пристап нуди можност за надградба на изгубената коска со користење на различни хируршки процедури како што се зголемување на подот на максиларниот синус , регенерација виличното коскено ткиво се со цел побезбедно поставување на имплант.

Имплантолошката терапија денес, е строго индивидуализирана терапија која во центарот го има пациентот, неговите потреби, состојби, но и очекувања.

Без разлика дали недостасуваат еден, повеќе или сите заби – забните импланти , денес претставуваат најдоброто решение за беззабоста на пациентите.

По 40 години примена, забните импланти станаа стандард во стоматолошката медицина. Општо познато е дека имплантите се титаниумски завртки кои се вметнуваат во вилицата за поддршка на вештачки заби направени од висококвалитетни материјали.

Во нашата клиника имплантолозите користат проверени методи за справување со сите потешкотии во поставувањето на имплантите. Самите материјали кои се користат ги исполнуваат сите светски и европски стандарди, а имплантологијата како орално хируршка дејност, претставувва препознатлива процедура за којашто во нашата клиника се изведуваат и едукативни настани.

Благодарение на богатото искуство и знаење што го пренесуваат како предавачи на конгресите, а особено благодарение на блиската соработка со протетичарите и техничарите, извонредната естетика и интегрираните импланти во нашата клиника не е случајност туку правило.

implantologija_1

All on four – All on six

Концепт во кој благодарение на поставувањето на импланти под одреден агол, можно е да се постави фиксиран привремен мост во рок од 24 часа по поставувањето на 4-6 импланти по вилица. По неколку месеци период на остеоинтеграција на имплантите (зараснување во коската), можно е да се замени привремениот мост со акрилни заби со дефинитивниот со керамички заби.

Надоместување на коскен губиток – коскени аугментации

Губењето на забите во најголем дел од случаите е проследено со голем коскен губиток, а тоа е неповолна основа за поставуање на импланти. Имплантолозите имаат голем избор помеѓу различни техниоки производители и производи кои служат како замена на коските. Во нашата поликлиника се користат само сертифицирани производи со висок квалитет и докажана ефикасност.

Вештачката коска во форма на честички, со различни големини, структури и својства е ефикасна за пополнување (зголемување) на дефекти со одредена големина и форма.

Ако волуменот на коската е доволен за имплантот да се постави во правилната оска, коската што недостасува може да се реконструира истовремено со поставувањето на имплантот. Во случај на големи дефекти, потребно е прво да се изгради коската, најчесто со блокови од сопствената коска, кои се земаат од задниот дел на долната вилица.

Ширење на коската – crestal split техника

Доколку дозволува локалната анатомија, можно е да се избегне градење коскени блокови пред поставување на имплантот (на блоковите им треба интеграција од 4-7 месеци пред да може да се имплантираат). Во помалку изразена атрофија, коската се шири со специјални инструменти. При поизразена атрофија, коската на вилицата се дели по должина со ултразвучна пиезохирургија, се шират и се поставуваат импланти во добиениот простор.


implantologija_4

Подигнување на дното на максиларните синуси – sinus lift техника

Во горната вилица има синуси: простори исполнети со воздух, чија големина е индивидуална. Кога катниците на горната вилица недостасуваат подолго време, синусите се спуштаат на штета на коската. Недостасува висината на коската на вилицата за поставување имплант. Проблемот е уште поизразен доколку катниците се отстранети поради напреднат периодонтитис бидејќи коската е уништена од хронично воспаление.

За среќа, хируршките техники за подигнување на подот на синусите даваат многу добри резултати. Во зависност од висината на постоечката коска, постои или мало (затворено) или големо (отворено) подигнување на подот на синусите. И двете методи се со висок степен на успешност и дел од секојдневната пракса.


implantologija_5

Контактирајте не!