Оперативна екстракција на заостанати корени
октомври 30, 2023
Прогресијата на кариозната лезија во крајните стадиуми доведува до комплетно уништување на коронарниот дел на забот, а корените остануваат заглавени во виличните коски. Заостанатите корени во ваквите случаи најчесто се длабоко и богато населени со патогена бактериска флора, и претставуваат голем ризик за појава на акутни и хронични одонтогени инфекции. Најголем дел од тие инфекции се одликуваат со прогресивна, но брза клиничка слика, особено во ситуации кога корените се во близина со значајни анатомски простори во главата и вратот. Додатно, заостанатите корени делуваат и како фокус на бактериска контаминација на далечни органи во целото тело. Потребата за правилно и навремено хируршко менаџирање на ваквите состојби е од огромна важност.
Најсовремените дијагностички и тераписки процедури во нашата клиника овозможуваат екстракцијата на заостанатите корени да биде комплетно предвилдива и успешна оралнохируршка процедура, комплетно безбедна за околната вилична коска и значајните анатомски структури во главата и вратот.