Алвеолотомија

Алвеолотомијата е орално хируршка процедура со која хируршки се отстрануваат импактираните или задржаните во виличните коски. Импактирани или задржани заби се заби кои целосно се формирале внатре во коската, но поради одредени причини, како неповолна насока на никнување или недоволно место за никнување,воопшто не никнале. Ваквите заби често претставуваат депо за развој на сериозни одонтогени инфекции, ортодонтски аномалии и потешкотии во целокупното функционирање на мастикаторниот систем поради блискоста со важни анатомски структури во главата и вратот. Навременото дијагностицирање на овие состојби, но и нивното правилно хируршко менаџирање се од клучна важност.
Најсовремените методи за менаџирање на ваквите состојби, кои вклучуваат и спроведување на минимално трауматска пиезо хирургија, се дел од рутинските секојдневни интервенции што се изведуваат во нашата клиника. Тие овозможуваат висок хируршки успех и максимална безбедност за пациентот.