“Современа парадигма во оралната и имплантна хирургија” – Симпозиум со меѓународно учество на Специјалистите по Орална Хирургија на Македонија, 2023

На 23.09.2023 година во Охрид беше одржан Симпозиум со меѓународно учество во организација на Здружението на специјалисти по орална хирургија на Македoнија.
На овој настан од исклучително значење за оралната и имплантна хирургија во државата, учество и свои излагања имаа еминентни предавачи и професори од земјата и странство. Беа разработени голем број на актуелни теми и проблематики од секојдневната пракса , но и резулати од најнови научни и клинички испитувања. Со свое излагање се претстави и д-р сци. Данчо Бизевски, кој преку својата тема ‘ Компјутерска евалуација на промените на вестибуларната коскена ламина, во фронтална максила при користење на различни материјали за коскена аугментација”. Tемата претставува сублимат на повеќегодишна клиничка и научноистражувачка работа, и е единствена од таков обем и од таков вид во државата. Преку истражување на најразлични параметри, беа следени промените на естетската зона на предната максила, во ситуации кога се зголемуваше нејзиниот коскен волумен со некоја од општоприфатените методи на коскена аугментација . Презентираните резултати, недвојбено укажуваа на предностите и недостатоците од користењето на поединечните методи за аугментација , и како такви беа одлична можност за модернизирање веќе постоечките хируршки протокли, според протоклите од најголемите и најзначајни европски и светски клинички центри. Стручната комисија и поширокиот стручен аудиториум, излагањето го оценија со највисоки оценки, а тоа е уште еден поттик за продолжување на мисијата за развој на оралната хирургија и имплантологија во државата.