Цистектомија
јули 27, 2023
Третманот на виличните цисти е исклучиво хируршки, со процедура наречена цистектомија. Целта на цистектомијата е целосно да се отстрани цистичната лезија од лежиштето во коската и причинителот, за нејзино настанување. Тоа е единствениот и најсигурен начин за да се спречи рецидив.
Коскениот дефект што останува по отстранувањето на цистата обично спонтано зараснува, но доколку е екстензивен се користат аугментативни техники на вградување на коскени субститутиенти (графтови).