Орална Хирургија

Оралната хирургија е гранка на денталната медицина која се занимава со хируршки зафати во усната шуплина кај пациенти на кои им е дијагностицирана одредена аномалија, дефект или болест, а хируршкиот третман е единственото решение. Сите зафати се изведуваат под локална анестезија и се целосно безболни.
Благодарение на современата орална  хирургија, дури и кај најкомплицираните случаи може да се овозможат идеални услови за поставување на импланти.

Во нашата клиника се потрудивме во целост да одговориме на тие предизвици, кои од ден во ден се поголеми и посериозни. Почнувајќи од деталниот терапевтски план па се до финалната реализација на зафатите, за пациентите обезбедивме предвидливост, сигурност,минимална инвазивност и безболност.

Независно дали се работи за едноставни или комплицирани екстракции на заби, коскени аугментации, или имплантолошки процедури секогаш приодот е ист. Секој оперативен зафат мора да има строга индикација и строго разработен план, а да биде изведен во строги услови на асепса и антисепса во нашата операциона сала опремена по највисоки светски стандарди.