BASS Балкански стоматолошки конгрес

Балканскиот стоматолошки конгрес, на Балканското стоматолошко друштво преставува реномиран настан од највисок ранг, кој под заедничка капа ги опфаќа сите балкански стоматолошки здруженија, специјалности  и субспецијалности.  Истовремено е одличнен начин за разменување на идеи, ставови, принципи и постулати кои се од огромно значење за клиничлката пракса, но и за научно истражувачката работа во најширок поим.
 Во склоп на предавањата од областа на оралната хирургија и имплантологија свое излагање имаше и
д-р сци.  Данчо Бизевски. Неговото излагање беше насочено кон губењето на имплантите од неинфективна природа, при користење на компјутерски методи на имплантација.
Оваа тематика и проблематика, е особено ретка, и претставува околу 1% од сите клинички случаи, кај кои се користат најмодерни методи на имплантација .  Тоа дава насоки и потсетува дека модерните оралнохируршки техники мора да се комбинираат со класични методи, и само тоа е предуслов за загарантиран успех. Модерната технологија е голем бенефит, но треба да има строга контрола и строго индикационо подрачје. Ваквиот став го делеа сите присутни од стручниот аудиториум, модераторите и стручната комисија.