Одбрана на докторска дисертација од областа на оралната хирургија и имплантологија
јули 5, 2023
На 8 Мај 2023 година, д-р Данчо Бизевски успешно ја одбрани докторската дисертација од областа на оралната хирургија и имплантологија на тема: Клиничка и компјутерска евалуација на промените на вестибуларната коскена ламина по имедијатна и медијатна имплантација во естетска зона.
Докторскиот труд, резултат на долгогодишни студии и анализи ги опфаќа најсовремените текови и предизвици со кои се соочува денталната имплантологија.
Естетската зона на горната вилица е една од најспецифичните зони за имплантација , но и најзначајна за пациентите. Докторскиот труд даде одоговори на многу прашања, и клинички дилеми, кои претставуваат појдовна точка за понатамошни анализи и развој, особено во полето на имедијатната имплантација и компјутерски водената хирургија. Тоа наиде на срдечен прием од поширокиот аудиториум, но и од комисијата за одбрана на докторски трудови, која едногласно го изгласа и ја прогласи одбраната за успешна.