Базичен курс за дентална имплантологија
јули 5, 2023
Во склоп на Интернационалниот Конгрес за природни науки и технологија, одржан на 19 Мај, на Тетовскиот Универзитет, беше одржана работилница за Базична Имплантологија. На курсот зедоа учество најдобрите студенти на Медицинскиот Факултет, на програмата за Дентална Медицина. Курсот воден од д-р сци Данчо Бизевски имаше за цел да ги воведе студентите во денталната имплантологија, како една од областите на оралната хирургија која најбрзо се развива. Студентите теориски ги совладаа основните принципи на денталната имплантологија, предоперативното планирање на терапијата и протетската тераписка фаза. Дополнително истите процедури ги изведоа и практично на фантомски и животински вилици. За својата мисија и долгогодишна соработка со тетовскиот универзитет, на д-р сци Данчо Бизевски му беше врачено посебно
признание од ректорската управа, а сите страни беа согласни дека курсот по базична имплантологија, е почеток на една уште поплодна и побогата соработка.