9ти Меѓународен конгрес на Хрватското друштво за орална хирургија – Опатија, Рeпублика Хрватска

Континуираната едукација, споделувањето на искуства идеи и решенија за комплексните медицински состојби, е клуч на успехот во секој сегмент и дисциплина на медицината.  Во име на овие безвременски постулати, тимот на Др. Бизевски активно учествуваше на 9 Меѓународен конгрес на Хрватското друштво за орална хирургија, и 15 Меѓународен конгрес на на Хрватското друштво за максилофацијална, пластична и реконструктивна хирургија на глава и врат, во Опатија, Хрватска.


Ова преставуваше одлична можност да се презентира научната и практична работатна клиниката Нова Дентал Хирургија, пред широкиот европски аудиториум  од специјалисти по орална и максилофацијална хирургија.  
Излагањето на Спец. Др. Данчо Бизевски на тема “ Компјутерска анализа на промените на вестибуларната коскена ламина во предна максила при имедијатна имплантација со,  и без користење на аугментативни техники” , предизвика голем интерес  и дискусија, од која беа изнесени голем број практични и теориски заклучоци.


Со оглед на тоа дека имплантацијата во естетската зона на горната вилица е еден од најголемите предизвици на модерната дентална имплантологија, а сите комплицирани процедури поврзани со истата со успешност се изведуваат во специјалистичката установа Нова Дентал Хирургија, овој настан беше само уште една потврда дека, Нова Дентал Хирургија стои рамо до рамо со најуспешните европски центри за орална хирургија и имплантологија. Факт за кој клиниката и тимот добија посебно меѓународно признание и пофалби.