Имплантологија

Често се зборува дека имплантологијата е иднината на современата орална хирургија, иако можеби точен е фактот дека без добра класична орална хирургија не постои добра имплантологија.  Загубените заби  денес  успешно се надополнуваат со вградување на импланти во виличните коски.  Ги обезбедивме најдобрите и најбезбедни  системи за имплантологија за решавање на парцијална или тотална беззабост. Успешно ги применивме концептите на all on four и all on six, па добивањето на заби веднаш после поставување на имплантите денес е реалност. Пациентот кандидат за имплантолошка терапија детално се анализира пред да се донесе конечната одлука. Се анализира неговата медицинска и дентална  состојба,  со помош на компјутерска томографија се анализираат коскените димензии и позициите на идните импланти, се сослушуваат неговите ставови и очекувања. Општо правило е дека имплантолошката терапија доаѓа на крај и е последниот чекор од комплетната реставрација и регенерација на забалото во која се вклучени повеќе специјалности. Имплантите се поставуваат со најсовремени апарати во асептични услови кои овозможуваат совршено ладење на коскеното ткиво при интервенцијата, се безболни за пациентот, и ги сведуваат интраоперативните и постоперативните компликации на минимум.