Дентална Протетика

Протетиката е специјалистичка гранка на стоматологијата која успешно ги решава сите прашања поврзани со недостатокот на заби. Беззабоста и нејзиното решавање се наметнува како еден од најголемите предизвици на стоматологијата денес.

Со текот на годините, техниките и материјалите се усовршени до најситни детали, поради што денес можеме да им обезбедиме на пациентите совршена замена за изгубените заби со мостови, коронки или протези  кои речиси не се разликуваат од природните заби. Покрај тоа, новите пристапи овозможуваат брзо производство и го враќаат задоволството со естетски и функционални резултати.

Експертите во нашата клиника ќе Ви понудат најмодерни материјали и ќе применат современи протетски техники кои ќе ги реконструираат дури и најсложените случаи.Полето на изработка на ваквите надоместоци е широко, независно дали се работи за фиксни протетски решенија, мобилни протетски решенија и протетски решенија над импланти.

Крајна цел и врвен идеал на нашата клиника се индивидуализирани протетски решенија за секој поединечен пациент со детална дијагностика, развој на идеален план за лекување, влучување на сеопфатен тим и специјален пристап кон нов визуелен идентитет. Ваквиот пристап е единствен начин да се постигне совршен баланс помеѓу природното, естетското и функционалното.