Ендодонција

Нелекуваниот и навреме нетретиран кариес, доведува до заболувања на забната пулпа (забниот нерв). Манифестирани преку болката како еден од најважните и најчести симптоми во стоматологијата, ендодонтските проблеми бараат сериозен пристап кој има за цел да го задржи забот во устата и да се избегнат инфекции на повеќе анатомски простори на главата и вратот.

Самото ендодонтско лекување на забите и нивната девитализација преставува микрохируршка процедура која  бара особено внимание и вештина. Суштината на ендодонтското лекување е  отстранување на причинителот на инфекцијата од коренскиот канал на забот, негова дезинфекција,проширување и исполнување со одреден материјал. Материјалите и техниките за исполнување и дезинфекција на коренските канали кои се користат во нашата клиника и стручноста на нашиот тим гарантираат успех во лекувањето на сите пуплини и периапикални лезии. 

Правилно поставената ендодонтска дијагноза, е речиси половина успешна терапија. Во нашата клиника ги обезбедивме сите модерни дијагностички методи, вклучително и 3Д компјутерската анализа на коренските канали, со цел да се подобри предвидливоста и успехот од ваквата терапија.
Ендодонтската терапија секогаш треба да биде прва терапија на избор  за да се зачува забот, затоа што функцијата и значењето на природниот заб во устата е незаменлива.