Брзи рутински тестови за Sars – Cov 2, за секој пациент и секоја стоматолошка интервенција

Безбедна стоматологија, голема доверба, и здрави пациенти се постулатите по кои се води нашата здравствена установа уште од самите почетоци на своето постоење

Уште од почетокот на светската пандемија, нашата установа максимално ги мобилизира сите свои сили и знаења во борба со невидливиот непријател. Како една од најсериозно засегнатите медицински гранки, стоматологијата бараше строг пристап и промена на секојдневните протоколи на функционирање. Воведувањето на посебниот режим на закажување на пациенти, посебните хигиенски мерки, посебната опрема и менаџирањето на сите ресурси беа и сеуште се во тек со најголемите светски и европски трендови. Клучен момент во целата таа борба  е тестирањето на секој пациент за Sars – Cov 2.
 Конвенционалните PCR тестови веќе четири месеци успешно се спроведуваат во секојдневната пракса за пациентите, но и за медицинскиот персонал на Нова Дентал Хирургија.  Но, идејата за врвна медицинска услуга не запира тука. Имено со почеток од 26.10.2020, Нова Дентал Груп станува првата здравствена установа од ваков вид во земјата која во рутинска и секојдневна пракса ги воведува брзите БРЗИТЕ ТЕСТОВИ ЗА Sars-Cov 2. Со тоа сите пациенти кај кои е планирана стоматолошка или оралнохируршка процедура, се тестираат пред самата интервенција и резултатот го добиваат за само 15 минути. Ваквиот начин на тестирање дополнително ја зголемува безбедноста на пациентот и го затвара кругот на вкрстено ширење на инфекцијата. Штитејќи го вашето здравје, ја штитиме нашата и ваша сегашност и иднина, затоа што јавното здравје е одговорност на секоја единка во општеството.