Втор Меѓународен Конгрес по орална хирургија и имплантологија

Вториот Меѓународен Конгрес на Специјалисти по орална хирургија, годинава се одржа во посебни и несекојдневни услови. На конгресот со свои излагања  за првпат преку онлајн платформа се претставија голем број на еминентни професори и клиничари од земјава и странство.  Фокусирајќи се на огромниот број на проблеми и предизвици со кои се соочуваат модерната орална хиургија и имплантологија, како и работата во услови на пандемија, излагачите испратија јасна и недвосмислена порака: Континуираната надоградба, практично и теоретско усовршување, дискусијата и споделувањето на идеи, се начела кои не смее да се заборават. Со свои излагања од областа на оралната хирургија и имплантологија се претставија и Спец. Др. Данчо Бизевски, и Спец. Др. Николче Маркоски од Нова Дентал Хирургија –  Скопје.
Темите на интерес беа едни назначајните и најраспорстранети проблеми кои секојдневно се менаџираат во клиниката Нова Дентал Хирургија.  Патолошките промени во вилиците, од било која природа , а особено виличните цисти претставуваат се чини тема што ги засега сите стоматолошки дисциплини. Во предавањето на  Спец. Др. Бизевски, преку случаи од секојдневната пракса на Нова Дентал Хирургија, јасно беа дадени насоки за нивна диференцијална дијагностика, тераписките пристапи и дилеми при конзервативното, односно хируршко лекување.  Спец. Др. Маркоски даде осврт на тераписките пристапи при решавањето на комплексната беззаба горна вилица,  од имплантолошки аспект, како и за надоместувањето  на мекото и тврдо ткиво во истата зона на интерес,најголемиот проблем на оралната имплантологија.
Вториот Меѓународен Конгрес на Специјалистите по орална хирургија, уште еднаш го потврди стремежот на македонските стоматолози и специјалисти да го одржат текот со европските и светските трендови. И со оглед на условите, тоа го направија повеќе од успешно.