Светски ден на здравјето

Почитувани,

Во денови кога човештвото стои исправено пред еден од најголемите предизвици во историјата, важноста на човековото здравје е поставена на највисокиот пиедестал. Борбата за здравје е исконска борба која го поттикнувала човекот да трага, да се бори со вечноста за да создаде подобра и здрава иднина. Битката со невидливите непријатели, е можеби најтешката форма на војување. Војна која  ги исполнува животите, деновите и ноќите на сите здравствени работници. Денес, повеќе од кога било во историјата исправени сме пред некои нови времиња. Времиња кои човековата раса ќе ја постават пред најголемиот тест на времето. Времиња од кои треба да излеземе посилни, поблагородни и похумани. Свесни за нашата големина, но и безначајност во универзумот, оваа борба за нашето здравје е борба за подобро и обединето утре.
И ниедна насмевка, ниеден сон и ниедно сеќавање не се комплетни без добро здравје.
Грижејќи се за нашето здравје, ја покажуваме љубовта кон планетата и постоењето.
Тие најдобро знаат како да ни се заблагодарат.
ЧЕСТИТ СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО!

Спец. Др. Данчо Бизевски