Известување за промена на режим и принцип на работа во вонредна состојба- 16.03.2020

СООПШТЕНИЕ!!

Почитувани пациенти,

Согласно одлуката и препораките од Министерството за здравство и Фондот за здравство на Република Северна Македонија за зачувување на јавното здравје ве известуваме за новиот начин на работа на ПЗУ Нова Дентал Груп кој започнува од денес, 16.03.2020:

1. Пациентите кои веќе имаат закажан термин во оваа и следната недела ќе бидат соодветно контактирани од наша страна во врска со нивните термини и понатамошни инструкции.
2. ПЗУ Нова Дентал Груп ќе работи од понеделник до петок од 09 до 17 часот само за ИТНИ случаи (Болка која не се смирува на аналгетска терапија, оток) кои претходно ќе се јават на еден од телефонските броеви и на кои согласно препораките ќе им биде понуден термин.
3. Телефонските броеви за закажување се 02 20 60 999 и 02 20 60 666.
4. За да се почитува правилото за потребно растојание и контрола на инфекцијата ги замолуваме пациентите кои ќе доаѓаат да влезат во ординација/ чекална без придружба. Придружба од еден родител е возможна само за деца помали од 12 години и тоа со претходна стручна припрема.
5. Исто така замолуваме да се придржувате до инструкциите наведени во чекалната: при влегување во ординација задолжително миење на раце со вода и сапун и дезинфекција на рацете со средството за дезинфекција на пултот.
6. Пациентите кои ќе бидат откажани ќе бидат уредно контактирани од наша страна по добивањето понатамошни инструкции.

Одлуката е до добивање на понатамошни инструкции од страна на Министерство за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Ви благодариме на разбирањето. Јавното здравје е наша заедничка одговорност.

Со почит,
Тимот на Нова Дентал Груп