8ми Конгрес на стоматолозите од Македонија и Implantologia Basica 4

На огромно и обострано задоволство, успешната приказна на Implantologia Basica продолжува и годинава на претстојниот 8ми Конгрес на Стоматолозите од Македонија кој ќе се оджи од 20ти до 23ти Септември 2018 година во хотел Инекс Горица – Охрид.
За таа цел Нова Дентал Хирургија во соработка со Vesica и Македонското Стоматолошко друштво обезбеди 10 ваучери за учество на специјализанти по Орална хирургија, Протетика и Пародонтологија при Стоматолошки факултет- Скопје. Ова претставува одлична можност за едукација и доусовршување во една од најсовремените и најпочитувани установи за хируршко лекување на болестите на уста,вилици и заби. Специјализантите ќе бидат воведени во најсовремените тераписки методи, дијагностички пристапи, решенија и компликации во имплантологијата и импланто-протетиката и ќе станат дел од успешната приказна на стотина колеги пред нив. Истовремено ова е поттик и мотивација за идните колеги, а на овој начин почитувајќи го минатото,ние  ја градиме сегашноста  и ја обезбедуваме светлата иднината.