Стручна посета на клиниката Арс Салутарис, Загреб
јуни 30, 2018
На 18 и 19 Jуни 2018 година, Спец. Д-р. Данчо Бизевски имаше професионална посета на една од најдборите стоматолошки клиники во регионот и пошироко, Арс Салутарис во Загреб, Хрватска.За време на престојот имаше можност да учествува во голем број на комплицирани орално-хируршки зафати заедно со тимот на Проф. Др.Челич.Посебен осврт беше ставен на комплексни импланто-протетски случаи, екстремната имплантологија, како и на решавањето на хируршки компликации од истите. Во пријателска и гостопримлива атмосфера беа разменети многу идеи, совети и размислувања, што претставува одлична основа за идна соработка на двете клиники, Нова Дентал Хирургија и Арс Салутарис.

