Отворање на Нова Дентал Груп
декември 6, 2017
Почитувани пациенти и соработници,
На 30.11.2017 година во Хотел Солун – Скопје се оддржа официјалното отворање на клиниката Нова Дентал Груп. Настанот се состоеше од свечен прием, времеплов за нашата установа, обраќање на Спец.Др.Данчо Бизевски и доделување на Плакети и Благодарници за посебни заслуги и развој на Нова Дентал Груп. Присуството на огромниот број на луѓе и институции беше доказ за почитта што ја ужива Нова Дентал Груп. Меѓу присутните беа и Заменик министерот за здравство Др.Гоце Чакаровски, Заменикот министерот за информатика Александар Бајдевски, Претседателот на Здружението на ортодонти Проф.Др.Габриела Чучкова, претставници на Промедика, претставници на Мак Медика, специјалистички и општи стоматолошки ординации – соработници на Нова Дентал Груп, како и многу други.










