Дентална Академија “Родопи”

Годинава од 4-5 март по деветти пат се оддржа Денталната Академија Родопи 2017. На неа учествуваа доктори од Република Бугарија кадешто имаше 6 пленарни предавачи од различни области на стоматологијата. Академијата свечено ја отвори Претседателот Пламен Барзашки. Првото предавање го изведе Др. Венцислав Станков на тема “Принципи за перфектна розова и бела естетика”.  Потоа предавање оддржаа и Др.Лили  Гидјолева на тема “Лицева естетика”, Др.Нешка Манчорова – “Композитни оптурации”, Др.Станимир Банчев со предавање на тема”Фотодинамична терапија” како и Др.Пламен Барзашки со предавање на тема “Нов поглед  за авто – графтот во денталната практика”.  На покана на Академијата, предавање оддржа и Спец.Др.Данчо Бизевски на тема “Моите неуспеси во имплантологијата, предизвици и решенија”.  Предавањата отворија многу прашања и дискусии од присутниот аудиториум со цел грешките и неуспесите, односно компликациите да бидат пред време отстранети и превенирани.

Како дел од  Академијата,  традиционално се оддржа и ски купот  “Елгидиум” на стазата Стена – Студенец каде учество зазедоа сите доктори – учесници на Академијата.