Орална хирургија
Оперативна екстракција на импактирани заби и заостанати корени
Една од најчестите орални хируршки процедури е екстракција на импактирани заби и заостанати корени на забите.
Импактирани заби се оние заби кои се целосно формирани внатре во коската, но не пораснале на своето место во забниот лак поради одредена опструкција на патеката на ерупцијата. Најчесто тоа се горните и долните умници и горните канини. Како такви, тие потенцијално можат да предизвикаат голем број симптоми поврзани со невралгија на главата, болка поврзана со оштетување на периферните нерви, или инфекции на меките и тврди ткива.
Заостанат корен на забот е корен кој останува во вилицата по долго нетретираниот кариес, што доведува до уништување на целата забна коронка, оставајќи ја екстракцијата на коренот како единствена можна опција. Заостанатиот корен треба да се отстрани бидејќи е контаминиран со бактерии и може да биде причина за инфекција и со тоа да има значително негативно влијание врз вашето здравје.
Со оглед на бескомпромисната стручност, искуство и современиот пристап, справувањето со горенаведените проблеми и нивното решавање на хирурзите од Нова Дентал Хирургија не е проблем. Ваквите процедури денес се водат по единствените начела на безболност, безбедност и висок постоперативен успех.


Апикотомија – ресекција на врвот на коренот
Помалите хируршки орални интервенции кои се користат за отстранување на врвот на коренот на забот се нарекуваат апикоектомија. Ваквата интервенција се изведува само доколку третманот на забите (ендодонтска терапија) или повторното чистење и полнење на коренскиот канал (ревизија) не ја постигнале својата цел, односно повлекување на воспалението околу врвот на коренот на забот. Доколку е потребно, коренскиот канал се полни (запечатува) обратно, односно од страните на врвот на коренот. За оваа процедура нашите хирурзи користат микро-пиезо алатки, со специјално свиткано продолжување, што ја олеснува процедурата за интервенција дури и во случај на тешко достапни корени. Контролен преглед со интраорално рендгенско скенирање на забите треба да се направи по 6 месеци.
Хируршка терапија на пародонтопатија
Доколку по примарната киретажа некои џебови се уште се длабоки (повеќе од 5-6 mm) и крварат, се препорачува да се изврши хируршка терапија. Тоа е процедура која се изведува под локална анестезија во квадранти или на посебни заби индицирани за таква терапија.
Пародонталната хирургија има за цел справување со инфекцијата,детална хируршка киретажа, но и овозможување на услови и потткинување на регенерацијата на коската и меките ткива, со посебни микроинвазивни процедури. Коскените дефекти доколку имаат поволен облик може да бидат подложени на регенеративна терапија со посебни биолошки материјали, кои во одредена мера ќе ја обезбедат потпората на забите во подолг временски период. Хируршкото обликување на гингивата, цементот на забот и коската, ги елимира местата на послаб отпор на организмот, а со тоа и шансите за развој на биофилм и микроорганизми во непристапните простори.
Хируршко прекривање на рецесии
Постојат неколку можни причини за формирање на голи забни вратови, а најчести се погрешните техники за чистење на забите.
Техниките за пластична хирургија можат да ги покријат голите забни вратови и на тој начин да ги решат естетските проблеми, преосетливоста на забите, понатамошната прогресија на повлекувањето на непцата и развојот на кариес на забниот врат.
Во нашата клиника применуваме многу напредни, софистицирани техники на минимално инвазивно покривање на рецесијата.
Со цел да се постигнат стабилни резултати на долг рок, ги упатуваме пациентите за примена на правилни средства и техники за чистење на забите.
Црвена, отечена гингива, долги, голи заби вратови, дефекти на вилицата поради губење на забите лошо влијаат на насмевката на пациентот, а често и на неговата самодоверба.
Денес, повеќето од овие дефекти може да се отстранат или ублажат со мерки за естетска хирургија на гингивата. Овие минимално инвазивни процедури често имаат мултидисциплинарен пристап, се со цел на постигнување врвни резултати.
Предпротетска хирургија
Претпротетската хирургија е подготовка на меките и тврди ткива на усната шуплина за функционално и естетски подобра протетска рехабилитација. Започнува со хируршки мерки за зачувување на структурите при вадење на заб. Вклучува повеќе процедури меѓу кои:
- Мерки за зачувување на волуменот на вилицата по екстракција на заб
- Хируршко продолжување на коронката
- Задебелување и зголемување на фиксираната гингива
- Покривање на рецесии (голи забни вратови)
- Подготовка на ткиво за поставување имплант