Настани

8-ми Меѓународен конгрес на Хрватското друштво за дентална имплантологија – Сплит, Р.Хрватска

Др. Данчо Бизевски заедно со неговиот тим во периодот од 10-12 Октомври 2019 година, активно учествуваа на 8ми Меѓународен конгрес за дентална имплантологија во Сплит, организиран од Друштовото за дентална имплантологија на Хрватска. Настанот беше збогатен со голем број на еминентни предавачи, кои се престравија со свои излагања во однос на проблемите и предизвиците со кои се соочува модерната имплантологија. Темата на излагањето на Др. Бизевски и неговиот тим (коавтори: Кирилов Б, Маркоски Н, Влашки З, Бајрамов Е), “Мандибуларна имплантација кај пациенти на бисфосфонатна терапија и со одонтом”, отвори сериозна дискусија за можноста и начините на лекување на пациентите кои имаат системски онколошки проблеми, но и локални бенигни тумори кои ја отежнуваат имплантолошката терапија. Со оглед дека тоа се предизвиците со кои ќе се занимава оралната хирургија и имплантологија во иднина, излагањето наиде на голем интерес и одобрување од поширокиот аудиториум, од кое беа извлечени голем број на значајни заклучоци и насоки на клиничко делување.

Implantologia Basica 5.

Во склоп на 3 Интернационален Конгрес на медицински науки организиран од Тетовскиот Универзитет во хотел Метропол, Охрид, се одржа курсот за орална хирургија и имплантологија, Implantologia Basica 5. Целта на курсот годинава, беше внесување и запознавање на студентите по дентална медицина со основните орално хируршки и принципите на современата орална имплантологија. Под водство на Д-р. Данчо Бизевски и Проф. Д-р. Јетмире Алимани Јакупи, посебно внимание беше посветено на сите предоперативни, оперативни и постоперативни сложени процедури. Студентите имаа можност да ги систематизираат и прошират своите знаења теориски, но и практично изведувајќи ги имплантолошките и протетските процедури на животински и фантомски вилици. Курсот којшто се одржа во една позитивна и пријателска атмосфера, покажа огромна заинтересираност и мотивација на идните доктори по дентална медицина во однос на имплантологијата, но што е најважно и почит кон една од најсериозните гранки во стоматологијата, оралната хирургија. Свое обраќање на курсот имааи ректорот на Тетовскиот Универзитет Проф.Д-р. Вулнет Амети, и деканот на Медицинскиот Факултет при Тетовскиот Универзитет, Проф.Д-р. Кастриот Хаџиреџа. Тие ја истакнаа важноста на курсот за идните доктори, нагласувајќи дека мисијата на Д-р. Бизевски и неговиот тим е пример што треба да се следи за да се обезбеди поквалитетно здравство за идните генерации. Успешноста на Implantologia Basica 5, отвори ново поле на соработка и идеи, кои на обострано задоволство и надеж ќе траат и во иднина.