Конзервативна стоматологија

Некогаш популарните амалгамски пломби, поради неизбежната обемна подготовка и препарација на забите и мноштвото негативни својства (количина на жива, алергиски и токсични реакции…) денес се минато.

Новите материјали нанокомпозити со неограничен број нијанси на бои и минимална подготовка на забите овозможуваат пломбата да се обликува морфолошки и естетски до совршенство. Денес кариесот како едно од основните и најазастапени заболувања во стоматологијата е комплетно предвидливо, а неговото лекување и третирање е олеснето поради динамичкиот и минимално инвазивниот пристап.


konzervativna_1

Ендодонција

Девитализацијата на забите повеќе не мора да биде макотрпно и долготрајно искуство. Со денешната технологија на определување на должината на коренскиот канал (дигитална рентгенграфија, компјутерска томографија, апекс локатор) и инструментација и полнење на истиот со најсовремени методи и материјали, можен е дентален третман и конзервативна реставрација со пломба за само една посета.

Користењето на овие нови методи во лекувањето на забите драстично ги намалува шансите за губење на истиот, што е од огромна предност за секој пациент.


konzervativna_2

Контактирајте не!