Детска стоматологија

Децата се пациенти кои бараат посебни методи на работа и многу внимание.Добриот стоматолог мора да знае како да му пренесе мир и спокојство на детето, поради тоа што често децата се вознемирени и исплашени со самото присуство во стоматолошката ординација. Искуството од детската психологија и професионалноста на нашите лекари ни овозможуваат успешно да ги лекуваме и најпребирливите мали пациенти.

Залевањето на фисурите на забите, особено трајните, е неопходна заштита и ги прави раните заби поотпорни на кариес. Ваквите едноставни методи и третмани гарантираат здрави заби во иднина. Уште во најрана возраст лекарите го утврдуваат растот и развојот на забите и вилиците, создаваат пријател кај децата – пациенти и со тоа учествуваат во етаблирањето на правилните и исфрлање на неправилните навики кои доведуваат до заболувањата во оралната празнина.

Квалитетниот првичен преглед и мултидисциплинарна анализа на состојбата на забите на детето извршени во нашата Поликлиника овозможуваат давање на најдобри совети и примена на оптимален метод на лекување. Ова спречува непријатност во иднина и му обезбедува на детето основа за здрави и убави заби во зрелоста.

Контактирајте не!